Градот на гревот и досадата

„Дамата за која вреди да се убие“

Наслов:
Sin City: A Dame to Kill For

Режија:
Роберт Родригез/Френк Милер

Сценарио: Френк Милер

Улоги:
Мики Рурк, Ева Грин, Џош Бролин, Џозеф Гордон Левит, Розарио Досон....

Времетраење: 102 мин.

Година на издавање:
2014-та


Што е идентично во Sin City: A Dame To Kill For споредено со претходникот? Роберт Родригез и Френк Милер зад камерата и Џесика Алба пред неа, за почеток. A разликите? Ги има повеќе. Не дека има нешто лошо во новитетите, но во A Dame to Kill For за жал тие не значат подобрување на класиката.

Дури 22 минути пократок од првенецот од пред 9 години, A Dame To Kill For повторно следи нелинеарно претставени стории во Sin City. Двајт (сега портретиран од Џош Бролин) има „поздрав“ животен стил, но стара болка. Eкс љубовница Ева Лорд (Ева Грин) ќе се појави повторно барајќи прошка но зад нејзините намери се крие злобен план. Ненси (Џесика Алба) сега сака да се одмазди за смртта  на Џон Хартиган (Брус Вилис), но и таа и Џони (Џозеф Гордон Левит) шармантниот коцкар кој ќе пристигне во Sin City имаат иста мета. Различни мотиви, но иста мета.

Ќе започнеме со дамата во под-насловот, A Dame To Kill - фаталната Ева Лорд (портретирана од Ева Грин). Можеби најсветлата точка во целиот филм. Режисерите отишле подалеку во прикажување на ликот на Ева од обична „фам фатал“ не само во надворешниот изглед (зелените очи, црвениот кармин, синиот мантил) туку и во карактерот. Да таа е безмилосна прекрасна заводничка, но режисерите се обиделе да „профитираат“ на сексапилноста на Ева за да ја претстават и во многу (и навистина мислам многу) поразголено и мелодраматично издание. Ева го знае тоа, но успеала да го доведе во нејзина предност, што е за поздравување од актерката. Џош Бролин од друга страна, е замената за Клајв Овен во улогата на Двајт. И покрај тоа што тој е еден од ретките актери во филмот кој неизмерно го почитувам,  Клајв прикажа нешто што наследникот не може. Разновидност и емоционална цврстина. Бролин дава монотон, еднодимензинален перформанс, кој е на моменти досаден. Во случајот на Марв работите се комплетно спротивни.

Мики Рурк е повторно во улогата на анти-херојот (за разлика од замената Клајв - Џош), но сега колку и да е перформансот солиден, ликот е површно (индиректно) инволвиран во приказните. Освен воведното „бркање“ на богати „дечишта“ во The Projects, тој е половина од ликот кој го видовме во Sin City. Џозеф Гордон Левит е харизматичен, талентиран актер и како што се уверивме до сега, сосема способен да одигра шармантен слаткоречив лик како Џони, но како и останатите ликови, така и неговиот е „криминално“ потценет од Милер во обликувањето на сторијата и биографијата. 

И дојдовме до Ненси. Да финалето на A Dame to Kill For и припаѓа на Ненси и нејзината вендета кон сенаторот Бут. Ако подобро размислиме најголемата промена ја има нејзиниот лик. Одвнатре и однадвор. Таа е неутешна по самоубиството на Џон, и како психата на Ненси тоне во темнина, така „овенува“ и нејзиниот изглед. Не можев да не помислам дека можеби трансформација ќе ја ценеше друга многу поталентирана актерка од Алба, и поинаку ќе ја претставеше пропаста на стриптизетата наспроти тетеравењето кое го гледаме во најголемиот дел.

И токму тоа е поентата. Можеби е скратена должината на филмот, но со неа и прогресијата на сториите и самото присуство на еден куп одлични актери пред камерата, што е навистина штета бидејќи присуството на актерите како Реј Лиота, Кристофер Лојд, Џереми Пивен, Кристофер Мелони, Џуно Темпл може да се мери со стоперица во раката. А не треба.

A Dame To Kill For не нуди ништо ново и иновативно од Родригез/Милер, ниту во поглед на стилскиот крими ноар приказ, а ниту во сктруктурата. A Dame To Kill For е разочарувачко површно продолжение на толку квалитетниот Sin City.

С. Лазаревска

Sin City-A Dame To Kill For можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите во Скопје:

секој ден (освен сабота): 18:30, 20:30, 22:30
сабота: 20:30, 22:30 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...