Идивиди на аудиција:

Што сè се бара од кандидатите на отворените аудиции

Подготовките за продукцијата на „Ослободување на Скопје“ режисерското дело на хрватската легенда Раде Шербеџија се полека при крај. Овој месец се одржаа аудиции за статисти на „Ослободување на Скопје“ во три града во Македонија, Скопје, Велес и Битола, а Идивиди имаше задоволство и чест да присуствува на аудицијата во главниот град.

Во просториите на Младинскиот културен центар кратко поразговаравме со Маја Плавевска, координатор за статисти за „Ослободување на Скопје“ која ни објасни повеќе за аудициите, филмот, и за тоа што се бара од пријавените канидати на отворените аудиции. На двата дена од самата аудиција во МКЦ се пријавија дури 1200 кандидати од сите возрасти, од различна националност, па дури и неколку странци. Плавевска на присутните во холот им делеше формулари за пополнување со основните податоци, претходното искуство во оваа област, но и посебните вештини (ако ги имаат) кои би биле добредојдени на самиот сет.

-Немаме ограничување ниту по возраст, пол, националност за пријавување на статистите. Ги сликаме сите, од сите земаме податоци. Сега се работи за филм кој се одвива за време на Втората Светска војна и бараме да наликуваат статистите од тој период.  Препорачуваме на сите кои доаѓаат на аудициите да останат колку што можат поприродни, жените да не се фарбаат, мажите да не се шишаат. Имаме податок дека во тој период не се носеле бекембарди, тие ќе треба да се избричат. Но сега ги сликаме сите, а потоа разгледуваме и одбираме, објасни Плавевска и додаде:

-Секогаш е пожелно да се има актерско искуство, но тоа не е предуслов кај аудициите за статисти.

На прашањето колку од времето ќе им одземе статирањето на самиот филм, Плавевска објасни дека денот на снимање трае 12 часа. Се случува да трае пократко и подолго, докоолку сцената бара подготовки. Ако сцената бара поголем број на статисти потребно е повеќе време за подготовка во костими, шминка и поставување на сцената...  Филмот има и специјални статисти кои имаат и специфични улоги во кадарот. Без текст, но имаат акција и можност да покажат талент за глумење.

Снимањето ќе започне на 31-октомври а ќе трае до 18-ти декември, со почеток во Велес, па Битола па Скопје.

„Ослободување на Скопје“  ќе се снима според драмскиот текст на Душан Јовановиќ, на македонски јазик. Шербеџија, покрај тоа што ќе режира и ќе глуми во една од главните улоги, а партнерка ќе му биде Силвија Стојановска. Сценограф ќе биде Иван Бартлинг, а директор на фотографија Дејан Димевски. Музиката е на Влатко Стефановски.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...