Доказ дека Бред Пит е опасна ѕверка

Април 1945 година. Како што сојузниците го прават својот последен притисок во Европа, закоравениот наредник Вордеди раководи со тенк и пет-член екипаж кон смртоносна мисија зад непријателските линии. Надброени, под-вооружени и со војници почетници во неговиот вод, Вордеди и неговите луѓе се соочуваат со нивните херојски обиди да се удри во срцето на нацистичка Германија. Колумбија Пикчрс ни го претставува филмот на режисерот Дејвид Ајер, Fury. Овој долгоочекуван филм е новитетот во репертоарот на киното Cineplexx.

Приказната е сместена на крајот на крајот од Втората Светска Војна, во 1945 година. Ајер опишува: „Војната е речиси завршена, нацистичкото царство стои на стаклени нозе. Не е тоа обичен воен филм во кој се слави победата како инвазија на Европа, Денот Д или сите оние славни битки во кои учествуваа американските трупи. Прикажува еден од заборавените периоди во кој американските трупи се бореа до последни сили, потпирајќи се на резервите и исцрпените луѓе. Во Втората Светска Војна би се бореле до смрт или победа или пак до тешко ранување поради кое ќе те испратат дома. Фанатичниот режим колабира, опкружувањето е збунувачко и во него секој може да биде непријател – тоа претставува големо оптеретување за душите на борците.“

Ајер има своја сложена приказна низ лажно едноставна структура, за која продуцентот Итан Смит кажува: „Филмот се одвива за време на 24 часа, од зората на првиот ден па се до зората на другиот. Конструкцијата е линеарна, но многу сложена.“ Продуцентот Бил Блок додава: „Ова претставува поместување во режисерскиот стил, поформален е и подобро снимен воен филм кој го задржува неговиот потпис – интензивна реалност.“



Главните улоги во филмот им припаѓаат на Бред Пит, Шија Лабаф, Логан Лерман, Мајкл Пења, Џон Бернтал, Џејсон Исак и Скот Иствуд.

Кога на најдобрите пријатели, Рајан (Џејк Џонсон) и Џастин (Дејмон Вајанс), полициските униформи што ги облекле за маскембалот во соседството ќе им донесат (локална) слава и почит, тие ќе посакаат забавата никогаш да не заврши! Забавната акциона комедија насловена „Ајде да бидеме полицајци“ на режисерот Лука Гринфилд пристигнува во на 23 октомври!

Најинтересната епизода во животот на неразделните пријатели Рајан и Џастин започнува оној миг кога погрешно ќе ја протолкуваат поканата за маскембал во соседството и ќе појдат маскирани како полицајци. Тие набрзо стануваат сензација и сфаќаат дека тие улоги совршено им одговараат во реалниот живот. Продолжуваат да ги водат своите животи во полициски униформи, возејќи се низ градот во потрага по урнебесна забава. Благодарение на „семоќниот eBay“ успеваат да набават вистински полициски автомобил, за да ја зајакнат уверливоста на своите униформи!

Идејата за филмот е родена кога режисерот Лук Гринфилд одлучил да се облече за празникот Ноќ на вештерките во полициска униформа, а тој избор завршил со неочекувани последици. „Тогашниот костимограф ми набави вистинска униформа и со еден пријател се шетавме по улиците на Лос Анџелес. Чувството на моќ и на авторитет беше неверојатно. Тогаш не бев во врска и ми беше многу лесно да разговарам со жените на улиците од градот.“ Со колегата сценарист и со извршниот продуцент Николас Томас, Гринфилд ја развил идејата која набрзо се преточи во филмот „Ајде да бидеме полицајци“, благодарение на студиото 20th Century Fox.

Филмот „Добри луѓе“ е современ трилер за американска двојка која живее во Лондон и која запаѓа во големи долгови поради реновирање на нивната семејна куќа. Тие ќе го откријат мртвото тело на потстанарот во приземниот стан кој оставил 200.000 фунти во готовина. Требаат само да ги земат парите и сите нивни проблеми ќе исчезнат. Тоа и ќе го направат, но од тогаш овие добри луѓе ќе почнат да ги следат многу лоши ситуации. Филмот е базиран на романот од Маркус Сакиј, а режијата му припаѓа на Хенрик Генз кој за прв пат режира филм на англиски јазик.



На редовниот репертоар на Cineplexx оваа недела ќе се најде и филмот „Облаците над Силс Марија“. На врвот на својата меѓународна кариера, Марија Ендерс добива покана да игра во театарската претстава што ја прославила пред дваесет години. Меѓутоа, Марија тогаш ја играла Зигрид, привлечна млада жена што ја разоружува и конечно ја доведува до самоубиство постарата Хелена.

Марија добива покана токму за ликот на Хелена. Поголемото време го минува со својата лична помошничка Валентина, која ѝ е сега единствената пријателка. Но кога Џо Ен, млада холивудска старлета склона на скандали ќе ја добие улогата на Зигрид, Марија мора да се соочи со својата ривалка (и својата младост). Награди и фестивали: Кански филмски фестивал 2014 - официјална конкуренција



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...