Што се случува со Рене: Оскаровката некогаш беше почитувана

Рене Зелвегер е мистеријата на Холивуд. Оскаровка, талентирана, но во исто време презирана од медиумите, дел од колегите, и дел од публиката. Сакана поради тоа што и покрај тоа што нема промовирано проект веќе 4 години (следниот филм и e најавен дури за 2015-та година), и покрај моменталната репутација, неоспорен факт е дека Рене е се’уште талентирана актерка која може да одигра било каква улога.

Презирана поради тоа што го направи со сопственото лице. Веќе со години наназад Рене е мета на таблоидите па дури и на стенд ап комичарите како Кети Грифин поради нејзината употреба на хируршко-козметичните операции за затегнување на лицето и ботокс инјекциите.

И поради нив нејзиното лице изгледа „замрзнато“ без ниту една брчка, но без експресии, толку важни за нејзината кариера. А пред само една декада, Рене ја освои најпрестижната филмска награда Оскарот, за споредната улога во драмата на Ентони Мингела, Cold Mountain.



Првата номинација за Оскар стигна со мега-хитот Bridget Jones's Diary, а веќе следната година беше дел од независниот филм White Oleander во кој глумеше покрај Мишел Фајфер. White Oleander е можеби еден од најдобрите филмови во нејзината кариера, но малкумина знааат за одличната адаптација на истоимениот роман од Џенет Линч.

Chicago и донесе нова номинација за Оскар и проширување на жанровите во кариерата, а исто така и Down with Love, шармантната романтична комедија со Јуан Мегрегор. Сепак, нејзината кариера почна да пропаѓа по улогата на писателката Беатрикс Потер во Miss Potter , а следеа Leatherheads, New in Town, Monsters vs. Aliens, Case 39 и My Own Love Song кои останаа незабележани од публиката и критичарите.

За следната година е закажана премиерата на The Whole Truth првиот филм на Рене по пауза 2010-та година години во кој ќе глуми покрај Кијану Ривс и Џим Белуши.

Но до тогаш да се потсетиме на најдобрите филмови во кариерата на Рене.

Empire Records -1995

Jerry Maguire -1996

One True Thing -1998

The Bachelor -1999

Nurse Betty -2000

Me, Myself & Irene -2000

Bridget Jones's Diary -2001

White Oleander -2002

Chicago -2002

Down with Love -2003

Cold Mountain -2003

Cinderella Man -2005

Miss Potter -2006




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...