Едноставно забава не им недостасува

Што се случува кога две мајки како Дру Баримур и Тони Колети, глумат мајки на филмското платно? Па за почетокот снимањето на тој филм е премногу забавно.

Дру и Тони веќе беа забележани од папараците како на улиците на Лондон го снимаат најновиот филмски проект, Miss You Already, но и покрај сензитивната тема на самиот филм, атмосферата на сетот беше весела.

Актерките ќе портретираат пријателки во најновата драма-комедија чие пријателство ќе биде ставено на сериозен тест откако на ликот портретиран од Тони Колети ќе и биде дијагностициран рак и покрај тоа што е во поодмината бременост.

Тони на сетот беше забележана и со простетички лажен стомак кој треба да ја симулира бременоста на ликот во филмот, а на самото снимање покрај двете актерки беше присутен и актерот Доминик Купер кој ќе го глуми сопругот на ликот на Тони.

Во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и одличните Пади Константин, Џеклин Бисет, додека пак зад камерата седна Кетрин Хердвик, режисерката зад Red Riding Hood, Twilight и Thirteen.

Премиерата се очекува следната година, но во меѓувреме погледнете како тече снимањето на Miss You Already во Лондон.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...