Како изгледа забава во куќата на Тони Старк? Погледнете во првиот клип од Avengers-Age Of Ultron, продолжението на мега-успешниот блокбастер во режија на Џос Ведон.
Фановите во првиот клип од долго-очекуваното продолжение ќе имаат можност и да ги видат напорите на „одмазниците“ во поддигнувањето на чеканот на Тор (Крс Хемсфорт).
Ѕвездите од Godzilla, Елизабет Олсен и Арон Тејлор Џонсон ќе бидат двата нови ликови во вториот дел од Avengers, а во него ќе ги портретираат братот и сестрата Pietro Maximoff / Quicksilver и Wanda Maximoff / Scarlet Witch.
Улогите од првиот дел повторно ќе ги репризираат Џереми Ренер, Скарлет Јохансон, Крис Хемсфорт, Роберт Дауни Џуниор, Марк Рафало и Самуел Л. Џексон, но овој пат своја улога ќе има и маестралниот гласовен актер Енди Серкис, познат по филмовите Dawn of the Planet of the Apes, Lord Of The Rings, The Hobbit, King Kong.
Премиерата на Avengers- Age Of Ultron се очекува на 1-ви мај следната година.
И кој ќе успее да го помрдне чеканот?
Погледнете.