Да! Мерил Стрип на 65 години изгледа вака!

Мерил Стрип има поинаков стил во најновиот филм Ricki and the Flash. Имиџот наликува на повеќе остарена рокерка, но без разлика на возраста, тројната оскаровка изгледа прекрасно во првите фотографии од сетот на најновиот филм на Мерил.

Легендарната актерка беше „уловена“ од папараците во прегратка на актерот и пејач, Рик Спрингфилд како во Њујорк ги снима најновите сцени од драмата Ricki and the Flash.

Мерил во Ricki and the Flash ќе биде Рики, рок ѕвезда која ќе добие неочекуван повик од екс сопругот со цел да и помогне на нивната ќерка, која е пред развод бидејќи нејзиниот сопруг ја напуштил за друга жена. Кога ќе пристигне кај ќерката, Рики ќе наиде на „ладен“ прием од ќерката и останатите деца кои сега ја презираат бидејќи Рики давала предност на кариерата, а не на мајчинството. Рики ќе мора да се потруди во обидот да ја врати довербата и љубовта од сопствените деца, но тоа нема да биде лесно.

Покрај Мерил и Рик во останатите улоги ќе имаме можност да го видиме и Кевин Клајн, но и Мамми Гамер, вистинската ќерка на Мерил, која е исто така актерка како и мајка си.

Како и пред камерата, филмот содржи оскаровци и зад неа. Режисер на Ricki and the Flash е Џонатан Деми, режисерот на одличните Silence of the Lambs, Philadelphia, Rachel Getting Married... а сценариото го напиша Дијабло Коди која стои зад сценаријата на Juno, Young Adult.

Премиерата на Ricki and the Flash се очекува следната година, но во меѓувреме погледнете како тече снимањето.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...