ВИДЕО: Шербеџија го окупира Велес

Раде Шербеџија и неговата филмска екипа деновиве на улиците во Велес го снимаат долгочекуваниот филмски проект „Ослободување на Скопје“.

Снимањето кое што започна вчера привлече големо внимание кај велешани кои љубопитно излегоа на улиците во живо да погледнат како изгледа сето тоа. За потребите на филмот на сетот беа поставени окупаторски знамиња, камиони и олдтајмери, а актерите беа облечени во костими кои соодветствуваат на временскиот период кој што го обработува филмот.

Сценариото за „Ослободување на Скопје“ е напишано уште пред 7 години, а е базирано врз истоимената претстава според драмата на Душан Јовановиќ.

- Цело време додека живеев во Америка размислував како да направам филм од таа прекрасна претстава, која имаше толкав голем успех во светот. Тоа е неверојатна приказна за Македонија, за тој посебен менталитет, музика, за посебни карактери, драматична приказна за војната и една невозможна љубов, човечка привлечност, меѓу Македонка и германски офицер. Тоа е она што го препознаваат луѓето, изјави Раде Шербеџија на неодамнешната прес-конференција во Скопје.

Снимањето во Велес и околината ќе трае околу една недела, а потоа ќе се снима во Битола. Доколку сè оди по планот снимањето на филмот треба да заврши на 19-ти декември.

Фото:Кристина Костовска

Видео: Анита Стојанова



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...