Детето порасна и стана маж

Режија:
Ричард Линклатер

Сценарио: Ричард Линклатер

Улоги:
Елар Колтрејн, Итан Хоук, Патриша Аркет, Лорелеј Линклатер...

Жанр:
драма

Времетраење: 165 мин.

Година на издавање:
2014-та



Што го прави Boyhood уникатен филм? За почеток, режисерот Ричард Линклатер го снимал во период од 12 години. Актерот Елар Колтрејн, кој ја толкува главната улога, започнал да го снима филмот на возраст од 7 години, а завршил кога имал 18. Резултатот е еден од најдобрите филмови на годината.

Boyhood го следи животот во Тексас на 6-годишниот Мејсон Еванс Џуниор (Елар Колтрејн), неговата  сестра Саманта (Лорелеј Линклатер) и нивните родители Мејсон Постариот (Итан Хоук) и Оливија (Патриша Аркет) од детството се до нивната адолесценција. Звучи досадно? Ништо посебно и вредно да се гледа во Boyhood ? Напротив...

Ричард Линклатер направи посебна форма на уметност од сцените со дијалози во неговите филмови... Може да се каже најмалку привлечните сцени за снимање, но тоа е за режисерите кои не знаат да ги искористат. Не и за Ричард. Ако забележавте дијалозите во особено долгите сцени се најдобриот дел во неговите филмови. Не само што искажувањето на мислењата на ликовите во нив се брутално искрени (без разлика дали доаѓаат од деца или возрасни) преку нив дознаваме факти, историја и за приказната која ја гледаме.

-Зошто воопшто се омажи за него? Тој е толкав кретен... Ја прашува Мејсон мајка си за новиот очув Бил (Марко Переља) . – Тој има доблести. Никој не е совршен, но сега имаме фамилија, одговара таа. – Веќе имаше фамилија! како пушка одговара Мејсон и во тој момент не можеш да не се согласиш со детето. Во право е малиов, си помислив.


И преку дијалозите, најдобро го гледаме развојот на самите ликови. Сите ликови. Родителите во Boyhood ја добиваат нашата емпатија, ги засакуваме и покрај тоа што ги гледаме како прават серија на погрешни животни чекори. Зошто? Затоа што не само што се добри, грижливи родители, туку и тие искрено „растат“ заедно со нивните деца. Погледнете ги нивните животи, професии и односи на почетокот и споредете ги со тие на крајот од филмот.

Таткото на Мејсон на пример. Од квази политички активист и невработен, несуден музичар пред нашите очи ќе се трансформира во конзервативен сопруг кој оди на миса во црква со сватовите. Тоа е тоа растење за кое зборував.

А за растењето на Мејсон помладиот? Главниот лик? Пред нашите очи од детенце кое лежи на тревата и гледа во облаците во првата сцена, кон крајот гледаме возрасен човек како галопира во светот на мажите, и покрај тоа што со сите сили, се труди да го разбере тој свет.  Разочарувањето од раскинувањето со девојката, првата работа како мијач на чинии, несигурноста за иднината... Сите нешта со кои можеме да се идентификуваме и ние како публика.

Глумата од Елар Колтрејн во улогата на Мејсон помладиот е одлична, а не заостануваат и Итан Хоук и Париша Аркет во перформансите. Тие се застрашувачки маестрални, но истото не може да се каже и за Лорелеј Линкатер, ќерката на режисерот која е очигледно во филмот благодарение на непотизам. Но, за крај, една одлука од нејзиниот татко ме фасцинираше во филмов.

Ако забележите тој визуелно не прикажува дати, денови, години кои може точно да укажат на моментите од историјата во прикажувањето на животите на ликовите. А можеше. Не, тоа ќе се обидете сами да го одгатнете, бидејќи режисерот остава суптилни наговестувања во филмот како „делчиња од сложувалка“. Кампањата за претседател на САД на Барак Обама е едно делче, сцената во која Мејсон употребува iMac G3 компјутер е друго, а дискусијата со девојката за опсесијата со Facebook трето делче. Сè е автентично, реално и искрено. Како и самиот филм всушност.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...