Интерстеларно патување на сетилата

Наслов: Interstellar

Режија: Кристофер Нолан

Сценарио: Кристофер и Џонатан Нолан

Улоги:
Метју Меконахи, Џесика Частејн, Ен Хатавеј, Мајкл Кејн, Дејвид Гјаси...

Времетраење: 170 минути

Година на издавање:
2014-та

Жанр:

научна фантастика




Земјата е пред распаѓање во блиската иднина. Посевите изумираат, песочните бури ги трујат домовите и белите дробови, а населението е во најголемиот дел сведено на фармери. Метју Меконахи е Купер, инженер, екс тест пилот на НАСА претворен во фармер, но во исто време за жал и вдовец/самохран татко на Марф (Фој/Частејн) и Том (Шаламет/Афлек). Кога во просториите на НАСА, Купер ќе пронајде тајна програма за „спас на човештвото“ водена од професорот/физичар Бранд (Мајкл Кејн), тој заедно со остатокот од тимот: Ромили (Дејвид Гјаси),  Дојл (Вес Бентли) и Амелија Бранд (Ен Хатавеј) ќе прифати да учествува во мисијата Лазарус. Екстра-терестијална интелегенција веќе направила црвоточина во близина на Сатурн и таа треба да го однесе тимот во нови галаксии со цел да пронајдат нови планети за населување. Таму веќе биле испратени 3 различни индивидуи, но работата на тимот е да процени која планета е најпогодна за живот. Но, што ќе пронајдат тие?

Interstellar можеби почна монотоно, досадно и бавно, но по 45 минути откако тимот ќе се „вивне во Вселената“ филмот ќе ве залепи за столчето. Да Interstellar има маани, тоа е неоспорно.  Филмот е на моменти е мелодраматичен и премногу сентиментален,  ликовите не се рамномерно, претставени, а и најдобро развиени. Но, и покрај мааните, тој е еден од најдобрите филмови на годинава. Интересно е да се гледа како браќата Нолан црпеле инспирација од Кјубриковиот 2001: A Space Odyssey во визуелниот приказ на филмот, а во сценариото начнале многу повеќе од само иднината на човештвото. Љубовта, емпатијата, сочувството, надежта, и важноста на науката за нашиот опстанок. Можеби со фактот што во тоа општество кое го гледаме, науката е отфрлена, двајцата како да сакаат да кажат дека едноставно сме загубиле амбиција да ја развиваме и да очекуваме таа да биде спасот. Или во најмала рака помошта.

Децата ги лажат во училиште дека слетувањето на Месечината било комунистичка пропаганда на СССР, а во тоа општеството не се потребни професии како инженери. Но, ако подобро размислиме, Нолан како да наговестува и дека апокалиптичната ситуација во која се наоѓа Земјата е предизвикана од човекот. Дека човекот всушност е најголемиот непријател на самото човештво, што од гледна точка на сегашноста, искрено не може да се исклучи. Сетете се на постапките на Доктор Ман (Мет Дејмон) на ледената планета, а подоцна потсетете се и што значи неговото име. Барем јас така ја протолкував претпоставката на браќата Нолан.

Кристофер Нолан пак од друга страна ни прикажа визуелно амбициозен, стилски прекрасен филм и заедно со кинематографијата од Хојте ван Хојтема, продукцискиот дизајн на Нејтан Кроули прават визуелно „свето тројство“ кое ќе ви прикаже тенка линија помеѓу науката и магијата. Митот и фактот. А таа линија за дистинкција, одделување на нештата (особено спротивните) ја има често низ филмот. За почеток ќе ги начнам сцените кога ни е прикажан екстериерот на Endurance. Во најголемиот дел доминира музиката на Ханс Зимер (базирана на органа), но во сцените кога камерата се фокусира на екстериерот нема музика. Само тишина. Тоа прекрасно чувство, на спокој. Едноставно Нолан и Зимер прават кратки моменти на земање здив кој треба да ве подготви за тоа што следи. И втората забелешка при одделување на спротивностите. Хуморот е присутен, но интересно не од луѓето. Најголемиот дел од него доаѓа како сарказм од ТАРС, роботот придружник на тимот во Endurance вселенскиот брод. Кој би рекол? Нешто толку стерилно, безлично и безчовечно како метален робот измамува насмевки во репликите полни со научни термини.

Метју Меконахи повторно прикажа цврст одличен перформанс, а и Џесика Частејн како возрасната Марф е навистина одлична, но збунува присуството на Ен Хатавеј. Да не се разбереме погрешно. Станува збор за одлична актерка, но и е дадена погрешната улога. За разлика од Хатавеј, Мет Дејмон се појавува можеби 20 минути во целиот филм, но маестрално си ја завршува работата и покрај кусото присуство. Понекогаш не е до квантитетот туку до квалитетот.

За крај интерстеларното патување на тимот во Endurance не е само патување до бесконечноста и зад неа. Interstellar ќе направи и сите ваши сетила да стигнат до неа исто така.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...