Постари и многу поглупави

Наслов:
Dumb And Dumber To

Режија:
Питер и Боби Фарели

Сценарио: Питер и Боби Фарели....

Улоги:
Џим Кери, Џеф Даниелс, Кејтлин Турнер, Лори Холден, Рејчел Мелвин...

Времетраење: 110 мин.

Година на издавање:
2014-та




Две декади поминаа од Dumb And Dumber, режисерското деби на браќата Фарели, за авантурите на двајцата екстремно глупави пријатели од Провиденс. Сега во 2014-та година пристигна и продолжението. Dumb And Dumber To. И покрај тоа што вториот дел повторно ги има браќата зад камерата и Џим Kери и Џеф Даниелс пред неа, многу работи се променети за двајцата глупчовци.

Лојд Кристмас (Џим Кери) последните 20 години ги поминал во лажна „кататонична“ состојба, во ментална болница преправајќи се дека е болен. Неговиот другар Хери Дан (Џеф Даниелс) пак, уште на самиот почеток, ќе му соопшти дека поради „здравствени“ проблеми му е потребна трансплатација на бубрег. Неговите родители не се соодветни за донација, но тие ќе му дадат повеќе од 20 години старо писмо од екс девојката на Хери, Фрида (Кејтлин Тарнер) во која таа го информирала дека тој има ќерка Пени (Рејчел Мелвин) која ја напуштила и подоцна била посвоена од Доктор Пинчлоу (Стив Том) угледен научник. Тој ќе ја испрати Пени на „КЕН“ конференцијата во Ел Пасо за да одржи говор во негово име, но и Лојд и Хери треба да стигнат на време за да ја запознаат, а тоа нема да биде лесно.

Големи беа очекувањата за овој филм кај фановите кои го сакаат Dumb And Dumber. Кога влегов во кино-салата (преполна со деца кои не биле ниту родени кога Dumb And Dumber беше хит) очекував да ме насмее, да ме згорзи како и првиот дел. Искрено, кога излегов единствено ме разочара. Продолжението го пишувале 6 (да шест) сценаристи но, во најголемиот дел шегите премногу се потпираат на референци и настани од минатото, со флеш бек сцени или со употреба на слични ликови/објекти од првиот дел. Обрнете внимание на кутијата која Хери и Лојд треба да ја однесат во Ел Пасо (наспроти актовката на Лојд од првиот дел). Или пак на смртта на Тревис (Роб Ригл)- придружникот на дуото во патувањето, предизвикана од немарноста на глупчовците, наспроти таа на Џо Менталино (Мајкл Стар) во филмот од 1994-та. Потребно им е време на шегите да дојдат до поентата, а кога ќе дојдат тие се навредливи, особено кон жените. Млади и стари без разлика. Константните навреди ги трпи најмногу Фрида, која често е нарекувана „Titanic Whore“, а подоцна и дури самата ќе се етикира со погрдните зборови кои цело време ги слушаше. Жалосно навистина.

Сценаристите исто така го занемариле златното правило: „помалку е повеќе“. Непотребно долгите сцени на КЕН конференцијата прават филмот да изгледа како да е многу подолг од првиот дел. Всушност е само 3 минути подолг. Подоцна забележете ги и кратките паметни сцени со шеги. Таа во која Лојд ќе фрли добитно бинго ливче само затоа што бројките не се по редот на кој биле прочитани, или начинот на кој Лојд јаде хот дог. Квалитетните сцени со скечови и хумор кои искрено ќе ве насмеат, се навистина спорадични, ретки но ги има...

Џим Кери е стандарно добар и покрај тоа што неговиот лик Лојд е креиран сега да биде вербално и карактерно доминантен во дуото. Сепак, разочарувањето доаѓа од Џеф Даниелс. Кога го гледате ликот на Хери, едноставно не може да ја игнорирате преусилената глума во изговарањето на репликите и фактот што актерот изгледа дека не му е комфорно во улогата. Присуството на Рејчел Мелвин во улогата на Пени, е една од ретките светли моменти во филмот, но не од аспект на талентот на актерката. Хуморот во нејзиниот лик сценаристите го претставиле повеќе преку физичката комедија (гестови) и преку реплики, а исто така и со карактерните сличности со двајцата глупчовци, што е сосема во ред.

И во конклузија... Намерите на браќата Фарели биле да го издигнат Dumb And Dumber To на ново ниво. И успеале во тоа, само не на нивото на квалитетна комедија. Можеби на на листата „разочарувачки продолженија на супер филмови“.

С. Лазаревска

Dumb and dumber too можете да го поггледнете во Cineplexx кино салите во Скопје:

 

работни денови: 15:30, 17:50, 19:00, 20:00, 21:20, 22:20

викенд: 12:40, 15:30, 17:50, 19:00, 20:00, 21:20, 22:20 часот

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...