Hunger Games- Mockingjay Part 1, првиот дел од третото и пследно продолжение на хит блокбастерот во режија на Френсис Лоренс, сруши рекорд изминатиот викенд.
Најновиот проект на Оскаровката Џенифер Лоренс имаше најголема заработка по првиот викенд на прикажување за оваа 2014-та година. Mockingjay part 1 заработи 123 милиони долари само во С. Америка, повеќе од било кој друг премиерен филм во текот на оваа година.
На втората позиција падна минатонеделниот шампион, анимираната комедија Big Hero 6 кој заработи додатни 20 милиони долари, а на третата падна СФ трилерот на Кристофер Нолан, Interstellar кој заработи додатни 15 милиони долари изминатиот викенд.
Очекувајте филмска рецензијата Hunger Games- Mockingjay Part 1 утре на Идивиди порталот.
1. Mockingjay- Part 1 $123,000,000
2. Big Hero 6 $20,086,000
3. Interstellar $15,100,000
4. Dumb and Dumber To $13,820,000
5. Gone Girl $2,815,000
6. Beyond the Lights $2,630,000
7. St. Vincent $2,354,000
8. Fury $1,900,000
9. Birdman $1,855,000
10. Nightcrawler $1,208,000