Добродојдовте во Jurassic Wolrd, 4-от дел на класиката на Стивен Спилберг од 1993-та година Juarssic Park. Првиот тизер за долго-очекуваниот блокбастер е објавен за фановите кои со нетрпение го очекуваат, а во него главната улога ја има одличниот Крис Прат.
По повеќе од 20 години, нов Jurassic парк е отворен, сега во сопственост на Masrani корпорацијата чиј директор е Мортон (глумен од Винсент Д’Онофрио). Овен (Крис Прат) ќе биде испратен на новиот парк за да го проучува и истражува однесувањето на приматите, нештата ќе тргнат наопаку.
Покрај Прат и Д’Онофрио во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и Брус Далас Хауард, Џејк Џонсон, Лорен Лупкус, Омар Сај и Б.Д. Вонг кој ќе ја репризира улогата на Доктор Хенри Ву.
Режисер на Jurassic World е Колин Тревороу, на кого ова ќе му биде само вториот долгометражен филм во кариерата, а Колин го напиша и сценариото заедно со колегата од првенецот Safety Not Guaranteed.
Премиерата на Jurassic World се очекува на 12-ти јуни следната година, а ова е првиот тизер.
Првиот официјален трејлер се очекува на 27-ми овој месец.
Погледнете го првиот тизер.