Џенифер Лоренс е талентирана актерка. Тоа е неоспорно. Оскаровка и една од најбараните актери во Холивуд, но малкумина знаеја дека таа е и одлична пејачка.
Нејзиниот глас беше искористен и во најновиот дел од франшизата Hunger Games- наречен Mockingjay Part 1. За потребите на филмот, беше снимена и The Hanging Tree песната која ја пее токму Џенифер т.е. нејзиниот лик Кетнис Евердин, во една од круцијалните сцени, а подоцна истата беше објавена и On Line.
Слушнете ја The Hanging Tree од Mockingjay Part 1 во целост, а денес и очекувајте ја филмска рецензија за Hunger Games- Mockingjay Part 1.