150 години од раѓањето на Лотрек: генијот на филм

Светот денес го слави Анри Тулуз де Лотрек. Поточно 150 години од раѓањето на минијатурниот уметник, кој го направи боемскиот дел на Париз, Монмартр уште поиконичен во неговите слики. Танчарките на кан-кан во Мулен Руж, проститутките на Пигал, изгладнетите уметници во кафулињата, бесконечните чаши со апсинт и музите на сликарите... сите беа дел од неговите слики од раната младост се до трагичната смрт на возраст од само 36 години.

Денешната насловна страна на пребарувачот Google.

Роден во аристократско семејство како единственото преживеано дете (помладиот брат починал по само 1 година од раѓањето) на Контот Алфонс де Тулуз Лотрек-Монфа и Контесата Адел де Селејран, тој од таткова страна носел и титула како Виконт од Монфа, област во Франција, која била целосно во сопственост на семејството Лотрек.

Сепак, и покрај богатството и титулите, Лотрек страдал од серија на болести и физички хендикепи. Неговите бутни коски биле пократки од тие на останатите луѓе бидејќи по тешките скршеници од детството, не зараснале соодветно и престанале да растат со коските на останатиот дел од телото. Причината за деформитетите е фактот што неговите родители биле први братучеди и генетски поврзани.

Во Париз покрај стекнувањето на пријателства со колегите од калибарот на Емил Бернанд и Винсент ван Гог, тој починал во 1901-ва година од тешка форма на алкохолизам и сифилис во санаториум. Имал само 36 години.

Во текот на 20-годишната кариера како сликар тој насликал 737 платна од кои 275 биле со акварел, 363 принтови или постери, и над 5000 скечови.

Често Лотрек е преставуван и во седмата уметност, особено кога темата на филмот е Монмартр, Мулен Руж или самата ликовна уметност.

Кои се најпознатите филмски претставувања на Лотрек?

Хозе Ферер во Moulin Rouge (1952)

Режи Ројел во Lautrec (1998)

Џон Легузијамо во Moulin Rouge! (2001)

Винсент Менжо Кортез во Midnight In Paris (2011)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...