Игри на пропагандата

Наслов:
The Hunger Games: Mockingjay – Part 1

Режија:
Френсис Лоренс

Сценарио:
Дени Стронг и Питер Крег

Улоги:
Џенифер Лоренс, Џулијан Мур, Доналд Сатерленд, Лијам Хејмсворт, Филип Сејмур Хофман...

Времетраење: 123 мин.

Година на издавање:
2014-та

„Републиката во пламен“. Фраза која најдобро ја опишува ситуацијата во која се наоѓа Панем во најновиот The Hunger Games: Mockingjay – Part 1. По Quarter Quell игрите од Catching Fire, Пита (Џош Хачерсон) и останатите доброволци се заробеници на претседателот Сноу (Доналд Сатерленд, додека пак Финик (Сем Клејфлин) и Катнис (Џенифер Лоренс) сега живеат во подземната Област 13. Тие се трауматизирани, ментално и физички истрошени од игрите, но претседателката на бунтовниците Алма Коин (Џулијан Мур) заедно со советникот Плутарх Хавеншсби (Филип Сејмур Хофман) се подготвуваат за револуција и премногу им се потребни, особено Катнис. Тие од нејзе ќе направат постер-хероина која треба да ги инспирира луѓето од останатите области да се придружат во борбата за да го симнат Сноу од власт, но до каде ќе ги однесе пропагандата?

Нештата многу се променети во Mockingjay Part 1. За почеток, ова е можеби најтемниот филм од франшизата до сега. Областите се во руини, теророт на Сноу се зголемува, а со тоа и жртвите од неговото безмилосно владеење. Но, сега и бунтовниците се повеќе земаат сила. Part 1 како да ве воведува во крвавото финале кое ќе следи следната година. Всушност самите игри кои доминираа во првите два дела сега се минато, и Катнис е центарот на вниманието. Таа всушност е сега во најнестабилна ментална состојба, но свесна е дека иднината на многу животи зависи од неа. И токму затоа, по нејзини услови ќе дозволи да стане „симболот на револуцијата“ кој народот долго го чекаше.

А тие услови кои ги споменав? Пардон за Пета и останатите учесници во игрите од претседателката Коин на пример... Но, Хејмиш (Вуди Харлисон) најдобро ќе ги опише принципите по кои се води таа.... Ништо не може да добиете со сила. Ниту да ја натерате да го одглуми тоа што не го мисли. Се мора кај Катнис да дојде природно, па за таа цел ќе бидат ангажирани група на камермани и режисери за да ги „документираат“ спонтаните изливи на поддршка.

Акцијата за разлика од претходните два дела сега е сведена на минимум. Борбите се присутни, но во духот на однапред разработените стратегии на 13-та област, дозирани и испланирани, од бунтовниците, а и од Сноу (обрнете внимание на неговиот гест на самиот крај). Mockingjay Part 1 повеќе е игра на шах. Планирање стратегии и собирање сила за главниот напад на Capitol. Можеби сега Катнис ќе ја перцепирате како пион во таа игра, но искрено од овој лик ја гледаме и другата страна. Само погледнете ја сцената со пеењето на фолк песната покрај реката. Разликата можете да ја почувствувате и во останатите ликови. Гејл (Лијам Хемсворт) сега добива повеќе време пред камерата, а Пета (Џош Хачерсон) значително помалку. Навистина ризична одлука од сценаристите, но што е со Ефи и Хејмиш?

Па, за почеток, двајцата се надвор од комфорните зони. Хејмиш (Вуди Харлисон) е трезен и логичен за промена, а Ефи (Елизабет Бенкс) е „соголена дива“. Политички затвореник, без ексцентричните костими, перики, силната шминка по која ја препознававме. Покојниот Филип Сејмур Хофман е повторно солиден во улогата на Плутарх, а во исто време и Џулијан Мур како претседателката Коин. Малку повеќе пасивна, на почетокот, но Коин ќе ја покаже силата како што доликува на еден лидер.

А главната хероина и актерката во неа? По трет пат Џенифер Лоренс и нејзиниот телент доминираат со Катнис, но и со филмот. Тука ќе имаме можност да ја видиме и најранливата состојба на нејзиниот карактер, но тоа не треба да не заплашува. Катнис благодарение на одличниот перформанс од Лоренс, глатко не подготвува за финалето следната година, но сепак, Mockingjay е токму тоа. „ Грејс период“ на Холивуд. Солиден филм, (не одличен како претходните два) со бавно темпо, на моменти конфузна режија и сценарио кое често го губи фокусот. Сепак, вреди да се погледне. 

С. Лазаревска

The Hunger Games: Mockingjay – Part 1 можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

работни денови: 15:00, 16:30, 17:30, 18:50, 20:00, 21:15, 22:30
викенд: 12:20, 15:00, 16:30, 17:30, 18:50, 20:00, 21:15, 22:30 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...