60 се новите 30

Популарноста е мала промискуитетна роднина на престижот

Наслов:
Birdman or (The Unexpected Virtue of Ignorance)

Режија: Алехандро Гонзалес- Ињариту

Сценарио: Алехандро Гонзалес- Ињариту, Николас Џакобон....

Улоги:
Мајкл Китон, Едвард Нортон, Ема Стоун, Наоми Вотс, Зак Галифијанакис...

Времетраење: 119 мин.

Година на издавање:
2014-та



Филмовите како Birdman се ретки. Уште поретки во скопските кино-сали. Верувајте. И иако насловот можеби наговестува дека е адаптација на стрип на Марвел, всушност е еден од најпровокативните и траги-комичните филмови на годината. Тешко е да се дефинира во жанрот, бидејќи не се вклопува конвенционално во ниту еден, Алехандро Гонзалес Ињариту го преферира тоа. Знае како да ви го „помати“ умот, и тука тоа го прави исклучително добро. Но, за него подоцна. За почеток...

Мајкл Китон во Birdman е Риган Томпсон. Пропадната екс ѕвезда од Холивуд. Некогаш тој бил Birdman - сакан акционен херој. И по декади поминати во неуспех, тој ќе се врати на „основите“, во обид да си ја поврати репутацијата, и кариерата . Па затоа ќе ја адаптира, режира и глуми во "What We Talk About When We Talk About Love“, кратката приказна од Рејмонд Карвер на Бродвеј. Амбициозен проект, но луѓето околу него во денвовите до премиерата, нема да помогнат приватниот и професионален живот да подобри: „Џанки“ ќерката Сем (Ема Стоун), бремената девојка Лора (Андреа Рејзенброу), адвокатот/агент Џејк (Зак Галифијанакис), „метод актерот“ во претставата Мајк Шајнер (Едвард Нортон)..., а и театарската критичарка Табита (Линдзи Данкан), која нема преголема почит кон транзицијата на Холивудските ѕвезди на Бродвеј.

Можеби режисерот Ињариту планирал Birdman да биде сатира на самата професија, но има нешто многу поискрено во неговиот приказ од само „разголување“ на актерите.  Таа, искреност е толку прозаична и „in your face“, што дури боли да се гледа. Искреноста можете да ја барате во сите ликови. Сите флертуваат со самото клише кое ние го знаеме за актерите, но не сме далеку од вистината дури и во клишето. Да го земеме за пример Риган. Тој е секој актер од Холивуд над 50 години кој некогаш значел нешто во тој град, а сега под „изговорот“ дека сака да се врати на корените, т.е. на театарот тој сака повеќе да докаже дека уште е некој. Не толку за валоризција  и лична сатисфакција, туку по долго време да се почувствува „сакан“ релевантен кај публиката. Свет кој го заборавил, а тој го заборавил и него. Исплашен од заборав ќе прифати да ја дели сцената со уште едно „подвижно клише“ Мајк Шајнер (Едвард Нортон). Вид кој полека изумира во Холивуд, но сè уште може да се најде на Бродвеј. Знаете „метод актерите“ полни со суета, тие кои попријатно се чувствуваат во ликот кој го глумат, тие кои стануваат ликот. Но, морам да признаам во ликот на Мајк најдов поискрен мотив за тоа што го прави. Едноставно нема потреба од скриени агенди за тоа што сака да го добие од претставата. Не сака да си ја врати почитта од колегите, публиката, затоа што никогаш не ја ни изгубил. Тој знае дека е добар, и едноставно сака да биде во претставата само затоа што сака да глуми. Ништо друго не го интересира.- „Популарноста е малата промискуитетна роднина на престижот“ вели тој. 

Китон и Нортон ги даваат перформансите на своите кариери и токму тоа е убавината на овој филм. Сите актери преку своите улоги добиваат шанса да „покажат што знаат“ во дозирани сцени, колку и да се споредни. Ема Стоун како Сем, ќерката на Риган е фанстастична, Наоми Вотс, како Лесли, една од актерките во преставата, а и Зек Галифијанакис како агентот/ адвокат на Риган е маестрален. Ињариту на сите им дава шанса.

Но, колку што фасцинираат перформансите во Birdman, двојно повеќе импресионираат Ињариту и кинематографот Емануел Лубезки зад камерата. Кај Birdman, реалноста и фикцијата се толку испреплетени што кога го гледате, имате чувство дека гледате една долга поврзана целина без прекини. Или како да гледате 2 часовен сон всушност.  Актерите често ги гледаме како се движат глатко низ ходниците на театарот како низ лавиринт со чест фокус на камерата на тилот и грбот на ликовите. Не е конфузен или вознемирувачки овој стил. Напротив. Знаеме дека Ињариту си ги милува долгите сцени без сечење, а тука камерата со фокусот на лицата на самите актери е уште еден лик кој ни помага да „влеземе“ во филмот. Невидлив, но многу ефикасен.

На сево ова додадете ги одличните специјални ефекти во сцените со „супер моќите на Риган“ и одличниот саундтрак од џез музичарот Антонио Санчез, и го имате еден од најдобрите филмови, со мала доза на претенциозност. Колку само Ињариту да ни покаже дека може. Не дека не знаевме дека може, но убаво е да ја видиме потврдата.

С. Лазаревска

Birdman ќе можете да го погледнете од 5.3.2015-та година во Cineplexx кино-салите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...