Теорија за една љубовна приказна

Наслов:
The Theory Of Everything

Режија:
Џејмс Марш

Сценарио: Ентони Мекартен

Улоги:
Еди Редмајн, Фелисити Џонс, Чарли Кокс, Дејвид Телвис, Емили Вотсон....

Времетраење: 123 мин.

Жанр: биографска драма

Година на издавање:
2014-та


По една декада од Hawking, телевизискиот проект продуциран од BBC со Бенедикт Камбербач во насловната улога, пристигна The Theory Of Everything. Овој пат со Еди Редмајн во улогата на брилијантниот физичар и адаптиран од Travelling to Infinity: My Life with Stephen, книгата на Џејн Вајлд Хокинг, првата сопруга на Стивен.

The Theory Of Everything започнува во Кембриџ, 1963-та година. Стивен Хокинг (Еди Редмајн) е брилијантен но, мрзелив студент на пост-дипломските студии во Тринити колеџот од Кембриџ. На забава на кампуспот тој ќе ја запознае Џејн Вајлд (Фелисити Џонс), но во овој период ќе му биде дијагностицирана и ALS -Лу Гериг болеста со прогноза за живот од 2 години. И покрај тоа двајцата ќе се вљубат, ќе стапат во брак, ќе оформат семејство, а филмот ќе ги следи подемите и падовите на неговата кариера, но и бракот се до 1989-та година кога тој ќе ја добие титулата Order of the Companions of Honour од Кралицата Елизабета Втора.

The Theory Of Everything е љубовна драма која е случајно базирана на вистински личности и настани. Совршено задоволителен биографски филм со одлична кинематографија, костимографија и со одлични перформанси, но непредизвикувачки креиран од страна на режисерот Марш. Дејствието е хронолошки слеано во „епизодни“ делови во кои се распоредени различните моменти од кариерата на Хокинг и неговиот живот. Академските и научните достигнувања на Хокинг се ставени во секундарен план од страна на сценаристот Мекартен, а примарниот фокус е даден на врската со Џејн. Не е изненадувачки, бидејќи филмот е адаптација на нејзината книга. Дури и научните презентирања на истражувањата на Хокинг се објаснети и претставени во кратки и јасни сцени кои не се премногу комплицирани за да ги разбере публиката. Обратете внимание на сцената со вечерата кога Џејн служејќи се со парче компир на ивицата од ножот и зрно грашок на вилушката се обидува на Џонатан Џонс (Чарли Кокс) да му ги објасни теориите на славниот сопруг.

Еди Редмајн е апсолутно маестрален во улогата на Стивен Хокинг. Како и самиот Хокинг и актерот кој го глуми има диплома од истиот колеџ на Кембриџ Универзитетот (Trinity College), но во филмот Редмајн, успеава да ни ја долови прогресијата на болеста на Хокинг без да оди во ексцеси. Постепено и суптилно. Нешто што малкумина актери успеваат. Од губењето на чувството за допир во дланките, одот, говорот, позицијата на телото додека е во количка, експресиите на лицето во напреднувањето на болеста.... Перформансот на Фелисити во улогата на Џејн, е порезервиран, тивок, но ниту самата актерка, а ниту ценаристот не ја прикажува како жртва. Како исфрустрирана и преморена и во исто време посветена сопруга секако, но не ни дозволуваат да ја сожалуваме.

Нема сожалување, а ниту осудување од нас како гледачи кон неа, дури и кога свекрвата ќе ја праша директно дали третото дете е биолошко на Стивен или на Џонатан.  Двајцата не може да се поразлични, во речиси се. Стивен е атеист, а Џејн верник/протестант. Тој е емпириски научник, таа вљубена во уметноста и јазиците. Можеби нејзиниот лик е премногу идеализиран (тоа претпоставувам направено за драматуршки и артистички цели), но не и нивниот брак. Сепак, колку и да се добри перформансите од Редмајн и Џонс, нивните ликови доминираат во The Theory Of Everything. Останатите (како на пример Илејн Мејсон, негувателката и втора сопруга на Стивен) и тие глумени од цела плејада на одлични актери како Дејвид Телвис, Хери Лојд, (а особено Емили Вотсон) за жал не им е посветено доволно време. За да покажат тоа што знаеме дека можат да го покажат од својот талент.

The Theory Of Everything е добар филм. Не е најиновативниот, најкреативно создадениот од страна на режисерот Марш (на кого ова му е само 4-от игран филм во кариерата), но благодарение на одличните перформанси од двајцата водечки актери (Редмајн може да очекува номинација за Оскар) треба да се погледне.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...