Емотивното збогување со „средната земја“

Наслов:
The Hobbit: The Battle of the Five Armies

Режија:
Питер Џексон

Сценарио:
Питер Џексон, Френ Валш, Гиљермо дел Торо, Филипа Бојнс...

Улоги:
Мартин Фримен, Ричард Армитраж, Ијан Мекелен, Ли Пејс, Лук Еванс, Еванџелин Лили....

Времетраење:
144 мин.


Дојде и тоа, поточно и тој. Третиот и последен дел од уште една трилогија на Питер Џексон. Името е The Hobbit: The Battle of the Five Armies и почнува таму кјаде што The Desolation Of Smaug заврши, во Lake Town.

Таму Смауг (Бенедикт Камбербач) пред да биде убиен од Бард (Лук Еванс), ќе го претвори градот во пепел, а малкумината кои ќе го преживеат огнениот напад од змејот, ќе пребегаат во Дејл. Билбо (Мартин Фримен), Торин (Ричард Армитраж) и останатите Хобити пак во Елгебор ќе се израдуваат на богатството кое по долго време повторно е во нивни раце, но сега Торин за жал, ја прикажува и темната страна на карактерот. Тој е обземен со „драгонска треска“ и по секоја цена сака да го најде Аркен-каменот за да го заштити богатството. Сепак, борбата за богатството за момент ќе биде ставена во втор план, кога злобните Орки ќе пристигнат  во Елгебор со цела армија и закана по нивните животи.

The Hobbit: The Battle of the Five Armies е можеби визуелно најдинамично создадениот дел од The Hobbit трилогијата, а најголемите заслуги за тоа можат да му се препишат на Питер Џексон. Со одлична воведна сцена полна со акција и емотивно-носталгична крајна, Џексон, не само што ни подготви достојно збогување со „Средната земја“, туку во процесот Џексон успеа да „извади“ и одлични перформанси од актерите, кои сега се на ново ниво на перфекција. Мартин Фримен, за почеток.  Билбо Багинс во третиот дел е со можеби уште помало присуство на големото платно од претходните два дела, но неговиот лик сега е лукавиот „медијатор“ меѓу Торин и Трандуил (Ли Пејс), а дури сега во третиот дел забележуваме колку Мартин е „роден“ да го глуми младиот Билбо. Колку е маестрален во улогата? Ах... Обрнете внимание на Фримен во сцените со Торин во Осамената планина. На лицето на актерот се читаат илјада и една емоција, конфликтно и суптилно искажани во совршениот перформанс од Фримен. Перформансот на Еванџелин Лили е подеднакво силен во улогата на Тауриел, но љубовниот триаголник помеѓу Кили (Ејдан Турнер) и Леголас (Орландо Блум) е повторно недоволно развиен (и покрај тоа што е сега најемотивен и најтрагичен). 

Сепак, не смееме да заборавиме дека Џексон, не ги развива личните стории како што го прави со генералната премиса и нагласокот го дава на визуелното на филмовите. И покрај тоа, морам да признаам, тријаголникот е еден од најдобрите моменти во The Battle of the Five Armies. Финале од трилогијата кое за жал е и исполнето со непотребно многу ликови (Галадриел, Елронд, Саруман и Даин) и со недовршени наративни стории збиени во 144-те минути. Сетете се и запрашајте се. Што се случи со Аркен-каменот откако Билбо му го предаде на Бард? Тој не се спомена повеќе, а ни накитот кој го бараше Тарандул (Ли Пејс).

А за глумата на Ричард Армитраж? Би рекла, не вреди да се трошат зборови... Најдобро би било да го погледнете филмот за да се уверите, но да се обидам. Тоа е актер кој кога го гледате во улогата на Торин, сфаќате дека од речиси целата актерска екипа, можеби најдобро го сфатил, обликувал и претставил својот лик. Во првата половина го гледаме менталниот конфликт на Торин со самиот себе си, а подоцна физичката сила. Борбата со Орката на мразот не воодушевува не само по одличната кореографија, туку и по одличната глума од Армитраж, кој во токму таа сцена доживува крешендо на неговиот талент.

The Hobbit: The Battle of the Five Armies е задоволително финале на уште една трилогија. 23 минути пократок од претходникот The Hobbit: The Desolation of Smaug, но тоа што недостасува во должина е надополнето во квалитетни перформанси, одлични специјални ефекти и сигурната режија од Џексон, особено во акционите сцени. Вреди да се погледне.

С. Лазаревска

The Hobbit: The Battle of the Five Armies можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите во Скопје:

работни денови: 15:00, 17:00, 18:00, 20:00, 21:00, 22:50
викенд: 12:00, 14:00, 15:00, 17:00, 18:00, 20:00, 21:00, 22:50 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...