„Сони Пикчерс“ се откажа од прикажување на филмот „Интервју“

Филмското студио „Сони Пикчерс“ се откажа од прикажување на филмот „Интервју“, што беше планирано за 25 декември, откако најголемите кино сали низ САД, одлучија да не го прикажуваат ова филмско остварување, поради безбедносни причини.

Во „Интервју“ се говори за исмислен заговор за убиство на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Двајца американски новинари заминуваат во Северна Кореја на интервју со Ким, но тајно се врбувани од ЦИА за да извршат атентат врз него.

Хакери веќе извршија кибер напади врз датотеката на „Сони Пикчерс“, но преку интернет испратија и сериозни закани предупредувајќи ги потенцијалните гледачи да не одат во кино салите да го гледаат филмот.

Претходно во последен момент беше откажана и њујоршката премиера на овој филм.

Компанијата „Сони Пикчерс“ изрази жалење поради ваквата разврска, нагласувајќи дека и натаму стои зад својата последна продукција, како и зад правото за слободно изразување, но го разбира решението на кино салите и киноприкажувачите.

Хакерска група, која себе се нарекува „Чувари на мирот“ вчера се огласи со предупредување во кое потсетува на настаните од 11 септември 2001 година, порачувајќи дека „светот ќе биде исполнет со страв“, доколку филмот се прикажува, а луѓето одат да го гледаат.

Американското ФБИ покрена истрага околу хакерските напади и притоа откри дека тие се поврзани со Северна Кореја, но американската администрација порача дека не располага со никаква валидна разузнавачка информација за постоење заговор за напади врз кино сали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...