Што е проблемот со „интервјуто“?

Филмскиот критичар од „ Coming Soon“ Едвард Даглас го нарече The Interview „урнебесно смешен филм, но во исто време и филм кој најверојатно ќе ни донесе нуклеарки од С. Кореја“.

Tие зборови од Даглас, беа „потврдени“ и оваа недела кога SONY одлучи да не го прикаже филмот со Сет Роген и Џејмс Франко, откако најголемите кино-сали во С. Америка се откажаа од проекции. Хакерската група “Guardians of Peace” претходно се закани со напад на американско тло, доколку тој биде прикажан следната недела за кога и беше закажана премиерата.

Филмот ја продолжува соработката меѓу Сет Роген и Џејмс Франко која започна со серијата Freaks and Geeks во 1999-та година, а во The Interview двајцата портретираат новинари од САД кои ќе бидат испратени во С. Кореја да го интервјуираат диктаторот на оваа држава, Ким Јонг Ун. Таму пак ќе бидат регрутирани од ЦИА, со цел да го за да извршат атентат на Ун и неговата смрт во филмот е прикажана во „хеликоптерска несреќа“.  ОК, најпрво филмот се сними со буџет од 44 милиони долари, а беа потрошени и милиони повеќе на промоција и ПР активности, кои сега „пропаднаа во вода“. 

Сепак, пред сè не смее да се заборави дека филмот е од Холивуд. Не смее да се заборави и дека секој „лош публицитет“ е добар публицитет“ во овој град. А ако зад одлуката да не се прикаже филмот во кино-салите навистина стои безбедноста и стравот од терористички нападни, тогаш и тоа е во ред. Но, ако ова е само маркетиншки трик за да се прикаже филмот (откако ќе се расчисти маглата) и да се профитира од што повеќе продадени билети, тогаш се на вистинскиот пат од SONY. Што, нема да биде изненадување бидејќи машинеријата на Холивуд е одлична и сите средства за продавање на повеќе кино-билети се дозволени.

Но што го прави овој филм „закана број 1“ за безбедноста на САД од страна на С. Кореја?

Колегите актери на Сет и Џејмс веќе го искажаа своето незадоволство на Twitter, но дел од нив беа екстремно искрени во критиките нарекувајќи го „денот кога хакерите победија“? Дали? И во минатото Холивуд не штедеше креативност во исмевањето на С. Кореја и нејзините диктатори, тоа е точно. Само погледнете го Team America: World Police од 2004-та година. Мет Стоун и Треј Паркер (креаторите на South Park) го исмеаа Ким Јонг Ил, таткото на сегашниот владетел на С. Кореја. Филмот предизвика лавина на критики, а и самиот Ким Јонг Ил побара да биде забранет, но тоа не се случи. Остана само на зборови и немаше хакерски упади и закани за напади слични на 11-ти септември. Тој не се закануваше со терористички напади на САД. Па затоа, која е разликата со The Interview?

Сега тој е починат и на негово место е неговиот син Ким Јонг Ун. Млад, но доста нестабилен и параноичен диктатор според американската тајна служба кој нема смисла за хумор како и неговиот татко, а и не е фан на филмовите од Холивуд како што беше татко му. Нештата се променети. Диктаторот Ким Јонг Ил по терореризирањето на „славните личности-кукли“ во Team America ќе земеше мал одмор за да ја испее “I’m So Ronery“. Сега неговиот син во The Interview е „мета на ЦИА“. Дури и ликот на актерката Лизи Каплан во The Interview наводно им вели на двајцата новинари дека тој мора да „биде елеминиран“. Сега „атентатот“ на Ун е централното сиже во филмот, и тоа не им се допадна на С. Корејците. Бидејќи, искрено тоа е реална можност од нивна гледна точка, со оглед на односите меѓу овие две земји. Но, што ќе беше ако ситуацијата беше обратна? Ако С. Кореја направеше филм за потенцијален атентат на Претстаделот на САД, Барак Обама? Како ќе реагираше САД?

Хуморот сега во The Interview е наводно повеќе црн и критички настроен кон С. Кореја, но и самите официјални лица од Вашинтон повтрдија во американските медиуми дека се сомневаат дека хакерскиот упад на SONY е потпомогнат од вработени во самата компанија, што значи дека постојат и „шпиони“ за С. Кореја во САД. Повторно нешто што не треба да не изненадува.

Франко и Роген за сега ги откажаа сите појавувања во американските медиуми и промотивни материјали пред премиерата која требаше да се одржи следната недела, точно на Божиќ. И можеби ова е само празна закана од страна на С. Кореја која нема да биде остварена, но САД не сакаат да ризикуваат да предизвикаат интернационален конфликт со нивниот можеби најголем непријател поради само еден филм. За сега не е познато дали SONY планира да продолжи со закажаните премиери во земјите навор од САД, кои се политички сојузници на оваа држава (В. Британија, Франција...), но во хакерскиот упад на SONY не беа споменати закани, а ниту една држава освен САД, па се претпоставува дека тие ќе продолжат според агендата.

Што е со Македoнија? Според последните информации, The Interview е на агендата на Cineplexx кино-салите од 29.1. 2015-та година (Идвиди моментално чека официјална потврда од Cineplexx). Па можеби публиката во Скопје ќе има можност сепак да го види во кино овој контроверзен филм.

С. Л.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...