Питер Паркер оваа година беше матурант со нови „љубовни маки“, но и нови непријатели на неговото алтер его Спајдермен.
Стариот познаник на Питер, Хери Озборн (Дејн де Хан) повторно се појави во неговиот живот, но тој сега има скриени мотиви за тоа.
Гвен Стејси сега ќе почне да размилсува за иднината на нејзинипт живот и кариерата, а Питер ќе го запознае Макс Дилон (Џејми Фокс) кој подоцна ќе стане Електро, вториот непријател на Спајдермен и кој како и Хери си има свои агенди.
Наслов:
The Amazing Spider-man 2
Режија:
Марк Веб
Сценарио: Роберто Орчи, Алекс Курцман, Џеф Пинкнер
Улоги:
Ендру Гарфилд, Ема Стоун, Џејми Фокс, Дејн де Хан....
Времетраење: 142 мин.
Година на издавање:
2014-та
Со одлична хемија помеѓу двајцата главни актери Ендру и Ема (кои се пар и во вистинскиот живот), и сега со двајца Оскаровци (Сели Филд и Џејми Фокс), второто прдолжение стана 6-от најдобар филм по заработка за оваа година која полека изминува.
Ова е првиот Spider-man филм кој е целосно сниман на локации низ Њујорк и исклучиво само во овој град, а со 142-те минути времетраење, Amazing Spider-man 2 е најдолгиот од сите претходни за овој супер херој.
Нверојатниот Човек-пајак 2 (Amazing Spider-man 2 )ќе можете да го погледнете на премиерно на 21 декември во 20.05 часот на HBO кој се емитува на каналот 551 на MaxTV. За тие што ќе го пропуштат премиерното прикажување на овој канал ќе може да ги погледнат репризите во наредните денови на 22, 24 ,25 и 27 декември.