Социопатот со камера во рака

Наслов: Nightcrawler

Режија:
Ден Гилрој

Сценарио:
Ден Гилрој

Улоги:
Џејк Џиленхал, Риз Ахмед, Рене Русо, Бил Пакстон...

Времетраење: 117 мин.

Жанр:
крими-трилер

Година на издавање:
2014-та



Nightcrawler е личност, всушност тоа е главниот лик во режисерското деби на Ден Гилрој. Луис „Лу“ Блум (игран од Џејк Џиленхал) е социопат. Аутсајдер. Отуѓена „хиена“  која во ноќта го демне својот плен. Toa е впечатокот за Луис уште од првата сцена, верувајте кој не се подобрува со одминувањето на филмот. Одамна Холивуд немал толку одвратен лик кој едноставно сакате да го смачкате со земја.

Корекција. Тој е совршениот социопат. Мек пријатен глас и фиксирана вештачка насмевка. Амбициозен, речит и интелегентен. Гледајќи една вечер како филмски екипи снимаат сообраќајка во Лос Анџелес,  ќе добие идеја да стане токму тоа. Nightcrawler. Талкајќи низ градот со радио сканер во автомобилот и со камера во раката, Луис ќе го снима криминалот во Лос Анџелес,  нудејќи видео снимки на ТВ каналите желни за сензационализам. За профит нормално. Нина (одличната Рене Русо) уредничката во локалниот ТВ канал, ќе го препознае неговиот „талент“ и ќе му понуди соработка, но до каде таа ќе продолжи, кога ќе биде премногу?

Nightcrawler е вознемирувачка сторија за реалноста, претворена во еден од најдобрите филмови на годината. Корекција. Реалноста од повеќе агли. Од таа на денешното новинарство до екстремите на денешната телевизија, до присутниот прикриен расизам во САД. Во една од сцените на пример, Нина го советува Луис да ги избегне сиромашните гета со црнци и останатите припадници на малцинствата и да се фокусира на снимање на богатите населби со белци. Гетата не се интересни за гледачите, бидејќи секој сака да гледа вести за богати белци во неволја. Тука е и реалноста на самиот начин на прикажување на сториите до гледачите. Имињата на жртвите, фактите, изјавите не се премногу важни за нив. Важна е сликата/контекстот во која се претставени. Крвта, дупките од куршумите, мртвите тела, пожарот... Ако е што повеќе графички експлицитно, тоа подобро, дури и за утринска програма. „Луѓето го гледаат ова додека појадуваат“ и вели колегата на Нина со ужас. „И ќе можат да зборуваат за тоа со колегите кога ќе стигнат на работа“ одговара таа. Во право е си помислив. TMZ изгради цела машинерија зад тоа. Всушност, ликот на Нина ме потсети на уште еден бездушен лик. Тој на Дајана Кристенсен (Феј Данавеј) во Network. Нина има повеќе патетика, отколку амбиција од Дајана, но сличностите се присутни и кај двете. Неизбежно е да не помислите на неа кога ја гледате, а искрено и на „ Indifferent to suffering; insensitive to joy“ репликата за жал.

Сепак има нешто што го „вози“ овој филм, а тоа е маестралниот перформанс на Џејк Џиленхал во улогата на Луис Блум. Да бидеме реални, Џејк заслужува номинација за Оскар, а немојте да бидете изненадени ако го освои. И не му е дадено се на „тацна“ во овој лик. Искрено кога ќе го погледнете, сфаќате дека тој е речиси целосно негова креација. Репликите од Гилрој се само 5 % од филмот. Џејк го променил тонот на гласот, ставот во одењето, гестовите, фризурата, дури и самото тело со минус 20-на килограми.  Прекрасното во овој филм е што прогресијата на неговиот лик ја води и прогресијата на самиот филм. Со време гледаме дека неговата професија, станува опсесија. Тој е самоук, и неговиот факултет е интернетот. Но, тоа што на почетокот беше само извор за заработка премина во „глад за моќ, успех, доминација“ и не бира средства да дојде до тоа. Да уценува, да саботира, да крие докази, дури и да го стави во опасност невиниот помошник во „бизнисот“ Рик (подеднакво одличниот Риз Ахмед). Луис Блум нема морал, грижа на совест, етика па дури мислам дека нема ниту душа.

И во духот на подобрувањето, режијата на Гилрој е солидна, но тоа што прави тој „нео-ноар филинг“ во Nightcrawler доаѓа од одличната кинематографија од Роберт Елсвит и монтажата од Џон Гилрој. Да, режисерот Ден Гилрој успева и на моменти да се издигне и самиот (како на пример во одличната сцена со бркање и престелка при самиот крај), но овој филм е визуелно тимска соработка. Модерно „речиси“ ремек дело.

И, кога на крајот од филмот, ќе се запрашате дали е можно да постојат луѓе како Блум (бидејќи јас се запрашав), ми се вратија сликите во глава од минатата недела и сите selfie фотографии на Twitter од очевидците пред кафулето во Сиднеј во кое се одвиваше заложничка драма. Можеби има Лу Блум во секој од нас.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...