На Пепелашка не и пречи чистењето по дома?

Наслов:
Into The Woods

Режија:
Роб Маршал

Сценарио:
Џејмс Лапин

Улоги:
Мерил Стрип, Емили Блант, Џејмс Корден, Ана Кендрик, Крис Пајн...

Времетраење: 124 мин.

Година на издавање:
2014-та



Into The Woods е третиот мјузикл (игран филм) во режисерската кариера на Роб Маршал, односно 4-от ако ја сметаме верзијата на Annie наменета за ТВ емитување, а не кино-прикажување. И по пауза од 5 години, Маршал ни го престави најновиот проект од овој жанр - Into The Woods.

Пекарот (Џејмс Корден) и неговата сопруга (Емили Блант) од бајковидното кралство, долго време се без дете. Единственото нешто што го посакуваат, но не се во можност да го добијат. Причината за тоа е клетвата која злобната Вештерка (Мерил Стрип) одамна ја фрлила врз неговата фамилија и за да биде тргната клетвата парот треба да и донесе 4 предмети кои се наоѓаат во шумата. Крава бела како млеко од Џек (Даниел Хатерстоун), наметка црвена како крв од Црвенкапа (Лајла Крафорд), коса „жолта како пченка“ од Златокоса (Мекензи Маузи) и чевла „чиста“ како злато од Пепелашка (Ана Кендрик). Во меѓувреме Џек (Даниел Хателстоун) ќе вознемири пар џинови горе на небото, а кога госпоѓата џин ќе се симне долу на Земјата, тогаш ќе започнат невољите за сите во кралството.

Маршал во Into The Woods ни претстави познати имиња од бајките со кои растевме, но во малку поинакво светло. Принцот на Пепелашка е разочарување, пекарот има сериозни сомнежи за татковските спобности (поради лошата татковска фигура од детството), а и самата Пепелашка се изјаснува дека понекогаш не и пречат домашните обврски. Но, колку и да е темен во тонот и атмосферата, на моменти се провејува и хумор, а на моменти и фрагменти од сатира, без разлика дали се од репликите, или пак од перформансите на актерите. Хуморот од перформансите најмногу доаѓа од маестралната глума и природната хемија меѓу Емили Блант и Џејмс Корден (пекарскиот пар). А Мерил? Мерил Стрип е апсолутно генијална во глумата и пеењето подеднакво. Таа и на 65 години го крева нивото на квалитет кое очекува колегите да го следат. И некои да, го прават тоа до одреден степен. Пријатно изненадување е вокалниот талент на Ана Кендрик, а колку и да е кратко присуството на Џони Деп (како лошиот волк), и тој е солиден во перформансот. И тоа е убавината. Без разлика дали актерите веќе претходно сме ги виделе во овој жанр (Мерил, Ана, Џони Деп) или пак се новајлии (Крис Пајн) го даваат максимумот во вокалните изведби. Пајн можеби со урнебесно усилена и пренагласена изведба, но како и за останатите актери (дури и децата актери) не може да се најдат замерки во вокалите.

Тие се повеќе резервирани за долгата 20-минутна увертира (со нумерата I Wish) и пребавното развлекување на финишот, а исто така и на моменти задушувачката, клаустрофобична атмосфера со премногу ликови во шумата. Дел од нив, како на пример Златокоса и нејзиниот принц имаат конекција со сторијата (косата на Златокоса им треба на пекарот и сопругата), но не е доволно развиен ликот за да има поголема корист од нејзиното присуство со прогресијата на филмот.

Маршал заедно со тимот од продукцискиот дизајн му дале на Into The Woods, речиси театрален тон во атмосферата.  Скоро 2/3 од дејствието на филмот е во шумата, како што вели и самиот наслов нели? Да, но тука е и дел од задушувањето за кое зборував, бидејќи сценографијата е речиси идентична во секоја сцена - шума. За разлика од претходниците на Маршал, сега во најновото дело тој нема танцови нумери со кореографија, па затоа се добива чувство дека не ги искористил потенцијалите и талентот со камерата како што знаеме дека може.

Режијата на Маршал е суптилна, речиси до степен на не-креативна, но претпоставувам не сакал да оди во грандиозност кога има толкав микс на ликови, стории со специјални ефекти. Помалку е повеќе кога имаш повеќе од сè останато. Но, кога сè ќе се стави на кантар, Into The Woods е совршено гледлив филм, ако сте љубител на овој жанр.

С. Лазаревска

Into The Woods можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

секој ден: 13:00, 15:00, 17:30, 20:00, 21:15 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...