Сте ги гледале повеќе пати и не сте ги забележале:

Грешки во српските филмови

Факт е дека додека гледаме филмови не обрнуваме внимание на некои ситници кои се наоѓаат најчесто во споредните сцени. Сепак, баш во тие сцени најчесто се случуваат грешки. Ви ги претставуваме грешките од познати српски филмови.

Žikina dinastija

Жика Павловиќ и Милан Тодоровиќ на многу гледачи им се омилени ликови. Нивното пријателство и сплетки на многумина им измамиле насмевка на лице. Ви откриваме една од грешките која сигурно не сте ја забележале. Имено, кога Милан оди кај професорот на ќерката да поразговараат за неа, професорот го нарекува „друже Ѓорѓевичу“.



Kad porastem biću kengur

Во филмот, Брацо (Сергеј Трифуновиќ) се труди да го освои срцето на Ирис (Марија Каран). Кога ќе ја кани да одат во кино, проекцијата се откажува бидејќи само тие двајца купиле карти. За да го гледаат филмот, Брацо купува уште пет карти (бидејќи потребно е да се исполнат барем седум места). Откако сè ќе биде како што треба, ги предупредуваат да седнат на означените места, односно во првиот ред. Сo оглед дека купил седум карти, сите седум места се нивни. Овде се појавува грешка кога доаѓа нов гледач и вели дека неговата карта е резервирана за место број 3, кое веќе е продадено на нив.



Pljačka trećeg rajna

Најдобрите фалсификатори во Белград во 1941 година биле Главоња и Клаус, односно Драган Николиќ и Никола Ѓуричко. Кога се селат во Германија да работат, добиваат лажни документи. На предавањето на лажните документи, Драган се претставува како пилотот Волган Мозер, а Никола како докторот Хелмут Келнер. Подоцна низ целиот филм, Драган го именуваат како Хелмут, а Никола како Волган.



Montevideo, Bog te video

Филмот за кратко време ги освои симпатиите на многумина. Познато е дека една сцена се снима неколку пати, се додека кадарот, глумата и светлото не бидат како што треба. Оваа сцена е чист пример, дека ни најкраткиот дијалог не може да се сними веднаш. Внимавајте на прстот на чичко Рајко (Мима Караџиќ) додека го советува Тирке (Милош Биковиќ).



Zona Zamfirova

Слично како и во Montevideo, и во овој филм се појавува грешка. Во  сцената кога ја изведуваат Зона во град, Јелица Сретеновиќ во една сцена има цвеќе во косата, додека во друга само плетенка.



Profesionalac

И во останатите филмови има слични грешки. Во сцена од филмот „Profesionalac“ кога Боро Тодоровиќ и Бранислав Лечиќ ги покажуваат лузните кои си ги нанеле, во секој кадар, вратоврската на Боро стои на различни емста.



Boj na Kosovu

Феноменалниот филм кој Здравко Шотра го снимил за 30 дена, логично е да има неколку грешки. Ние ви претставуваме една во која Жарко Лаушевиќ јава коњ, а во позадина се гледа трактор.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...