Секс, дрога и уште многу дрога

Наслов:
Inherent Vice
 
Режија:
Пол Томас Андерсон

Сценарио:
Пол Томас Андерсон

Улоги:
Хоакин Феникс, Џош Бролин, Кетрин Ватерстон, Овен Вилсон, Рис Витерспун...
 
Времетраење: 148 мин.
 
Жанр:
крими-комедија
 



Ќе го почнам овој текст, со цитат од самиот Пол Томас Андерсон: -Никогаш не ги памeтам содржините филмовите. Паметам како тие правеле да се чувствувам. Искрено... Inherent Vice направи да се почуствувам ... „стонирано“. Како и самиот „Док“ (Хоакин Феникс).
 
Уште во првите 2 минути од Inherent Vice, константно „стонираниот“ приватен детектив Лери „Док“ Спортело (Хоакин  Феникс)  ќе добие неочекуван гостин. Шаста Феј Хепворт (Кетрин Ватерстон). Екс девојката која сега е љубовница на богатиот тајкун Мики Вулфман (Ерик Робертс). Таа ќе му открие завера која сопругата на тајкунот (Серена Скот Томас) и нејзиниот љубовник ја коваат, а и понудиле и на неа да учествува во истата.  Да го киднапираат, да го затворат Мики во лудница и да му ги земат парите. Работите ќе се искомплицираат за Док кога и Шаста ќе исчезне, а во истрагата тој ќе пронајде навистина чудни луѓе, „култови“  и завери во Лос Анџелес од 70-те години на 20-от век. 
 

Како да го објаснам Inherent Vice во една реченица? Па... Ако Big Lebowski и Fear Loathing In Las Vegas би се венчале, Inherent Vice би било нивното бебе. Седмиот филм на Пол Томас Андерсон е 2,5 часовно дело водено примарно од дијалог. Многу дијалог, сместен во премногу долги сцени, изговаран од екстремно многу актери. Дури и нарацијата (во трето лице) е со екстремно долги реплики. Искрено големиот број на ликови никогаш не биле проблем за Андерсон (Magnolia како најтипичен пример од неговото C.V. со голема актерска екипа). Напротив, тие до сега  биле предизвик, но сега можеби и се мал проблем. Да елаборирам. Дел од нив се екстремно бизарни, гротескни, но со ексцентрични особини, што одамна не сме го виделе во филм на ПТА.  Сепак, најголемиот дел од нив се со екстремно мала минутажа, недоволна за да остават свој печат со карактерите. Затоа,  дел од нив одлучиле тоа да го направат со перформансите. Како на пример одличниот Мартин Шорт како  издрогираниот  заболекар  Руди, кој е помалку од 10 минути во филмот, но да бидеме реални, го паметите најмногу од сите. 

Истрагата на Док? Психоделична во најмала рака, како и самата музика од Џони Гринвуд (повторно брилијантен како и секогаш). Самото дејствие? Комплексно и смешно во исто време. Дури и конфузно на моменти. До степен  губење на поентата и следење на фокусот, но Андерсон повторно компензирал со хумор. –Има свастика на лицето на оној човек, му вели Док на главниот доктор додека е во посета на бизарната „култ лудница“. –Не нема. Тој е хинду симбол кој значи „се е добро“, одговара тој додека Андерсон јасно ни ја прикажува свастиката на лицето на Пак (Кит Џардин).  Хуморот повторно доаѓа примарно од самите ликови. На моменти Андерсон ја преминува тенката црвена линија и од нив прави комични карикатури, но во духот на филмот, сето тоа функционира во најголемиот дел. 
 

Андерсон, намалил со интензитетот на кинематографскиот, интелектуалниот печат на филмот и го одбрал... да се изразам, стерилниот стил во режијата.  Со кадри во лицата на актерите претежно од низок агол, механичко движење на trolley камерата и кадри со широки леќи од зад грб (најчесто фиксирани на Док).  Мало разочарување за мене како фан на ПТА беше недостатокот на сцени во кои ликовите емоционално се поврзуваат или се трудат да се разберат. Ги има, не дека не. Но, тие се премалку и треба да ги цените откако ќе ги најдете. Моментот кога Док и Шаста утоп мокри и боси трчаат низ дождливиот Лос Анџелес,  или пак во нивната предигра во куќата на Док. 
 

Хоакин Феникс е маестрален во улогата на Док, а исто така и солидни се Џош Бролин, Овен Вилсон, Рис Витерспун, и Кетрин Ватерсон во улогата на Шаста-екс љубовта на Док. Но, обратете внимание на Мартин Шорт. Задоволство е да се гледа комичниот тајминг на Шорт, а за жал се помалку имаме можност за тоа. И за крај пред објавување на номинациите за Оскар, очекував и номинација за Андерсон во категоријата најдобра режија. Но, сега ако подобро размислам (и колку и да не сакам да признаам)  Пол заслужено не доби номинација.  Но, ако има правда, треба да добие Оскар за најдобро адаптирано сценарио.  Најверојатно нема, но дефинитивно треба.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...