Неколку чекори за Марион да стане вашата омилена актерка

Нема причина да не сте гледале барем еден филм со Марион Котиљард, но да се обидеме да ви дадеме неколку за да го сторите тоа.

Исто така да ви дадеме и неколку причини да ја засакате Марион, ако до сега тоа не сте го направиле, а има многу факти за тоа.

Можеби... затоа што е една од најсаканите француски актерки на денешницата, дека е една од најталентираните актерки не само во родната Франција туку воопшто во филмската уметност... листата е предолга... но да почнеме со ред.

Овој месец Марион ја заработи втората номинација за Оскар во нејзината кариера. Таа е номинирана за главна женска улога за филмот „ Deux jours, une nuit“ или „Два дена една ноќ“ на браќата Жан Пјер и Лук Дарден.

Марион веќе ја освои оваа статуетка. Таа го подигна Оскарот во 2008-ма година за улогата на легендата на француската пејачка на шансони Едит Пјаф, La Vie En Rose

Родена и израсната во боемско-уметничка фамилија. Нејзиниот татко е Жан Клод Котиљард, актер, професор по глума и поранешен пантомимичар а нејзината мајка е Нисема Телу, актерка и професор по глума исто како и сопругот

Првата главна улога ја имаше во 1996-та година во телевизискиот филм Cloe во кој играше млада девојка која избегала од дома и се впуштила во светот на уличната проституција

Француската јавност ја запозна подобро со улогата во комедијата Taxi од 1998- ма година, улога која и ја донесе првата номинација за Cesar наградата за најдобра млада актерка.

Следеше Love Me If You Dare (Jeux d'enfants), инстант хитот во кој глумеше покрај Гиљерм Кане, актерот кој подоцна ќе стане нејзин партнер и татко на нејзиниот син.

Првиот проект во Холивуд, Марион го сними во 2003-та година. Тоа беше Big Fish, филмот на Тим Бартон со Јуан Мегрегор, Џесика Ланг и Алберт Фини во главните улоги, а подоцна таа не погледна наназад.

Првата Cesar награда ја освои за споредната улога во ремек-делото на Жан Пјер Жене - A Very Long Engagement.

Во 2008-ма година го освои Оскарот за главна женска улога во филмот La Vie En Rose. Тоа беше само третиот случај во историјата на наградата за главна улога (машка или женска) да ја добие актер за улога која е на странски јазик (не на англиски). Претходно само на Роберт де Ниро ( за The Godfather 2) и на Роберто Бењини за La Vita e Bella) им успеало.



Марион можеби не ги пееше самата песните на Пјаф во биографскиот филм, но подоцна докажа дека има прекрасен глас кој може да им парира на најдобрите пејачки.

Нејзиниот прекрасен глас го слушнавме и во мјузиклот на Роб Маршал, Nine во кој глумеше покрај еден куп оскаровци: Никол Кидман, Пенелопи Круз, Џуди Денч и Даниел Деј Луис.

Бетмен никогаш немал пософистициран и прекрасен непријател каков што беше ликот на Миранда Тејт во The Dark Knight Rises.

Марион беше Мал Коб, прекрасната и трагична фам фатал сопруга на Лео ди Каприо во Inception.



Во 2011-та и 2012-та таа беше прогласена за најплатената странска актерка во Холивуд и се најде на листите на најплатените актерки воопшто во САД



За глумата во Rust And Bones, Марион доби 10-минутен аплауз и стоечки овации од публиката на Филмскиот фестивал во Кан, а заработи и номинација за Златен глобус

Марион е заштитно лице на модната куќа Dior



И активист на Greenpeace за зачувување на природата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...