Објаснет е изгледот на Лео: Тој е The Revenant

Леонардо ди Каприо повторно се здружи со уште еден одличен режисер, на уште еден биографски филм, и на уште еден потенцијален оскаровски проект, а со него ни се објасни и изгледот кој тој го имаше во јавноста (запуштен и несреден), бидејќи таков е и во самата продукција на филмот.

The Revenant е името на најновиот проект на Леонардо ди Каприо, на кој како режисер и сценарист се потпишува Алехандро Гонзалес Ињаирту, режисерот кој моментално е еден од 5-те номинирани за овогодинешните награди Оскар.

Лео во The Revenant ќе го глуми Хју Глас, ловец на животни, специјализиран за дерење на истите и продавање на крзното. Тој бил нападнат и речиси осакатен од дива мечка. Членовите на неговиот тим на ловокрадци по нападот го ограбиле и оставиле да умре, но тој некако преживува. Откако се опоравува започнува одмазничка мисија низ дивиот запад кон тие што го предале.

Покрај Леонардо во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и Том Харди, Домнал Глисон, Вил Поултер и Кристофер Џонер.

Премиерата на The Revenant во САД се очекува на 25-ти декември оваа година, на време за да се квалификува за оскаровската трка следната година, а ова се првите фотографии од најновиот филм на Лео.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...