Џејмс Франко по пауза од 2 години, поточно од улогата на Хју Хефнер во Lowelace повторно глуми вистинска личност.
Оваа година, тој на фановите ќе се претстави со биографската драма I Am Michael која овој месец ќе биде и прикажана на Санденс филмскиот фестивал. Во I Am Michael Франко е Мајкл Глаци, егс геј активист кој јавно подоцна објавил дека се откажува од хомосексуалноста и станал христијански пастор.
Во режисерското деби на Џастин Кели, покрај Франко ќе имаме можност да ги видиме и одличните Закари Квинто (како Бенет, екс момчето на Мајкл), Ема Робертс, Дерил Хана и Чарли Карвер.
Џастин Кели го напиша и сценариото за I Am Michael, а филмот беше снимен за екстремно мал буџет од 2.5 милиони долари на повеќе локации низ Њујорк.
I Am MIchael следниот месец ќе биде прикажан и на Филмскиот фестивал во Берлин, но датата за кино-премиерата во САД се уште не е позната.
Погледнете ги првите фотографи од I Am Michael.