Тортата на Џенифер Анистон

Наслов:
Cake

Режија:
Даниел Барнз

Сценарио: Патрик Тобин

Улоги:
Џенифер Анистон, Адријана Бараза, Ана Кендрик, Сем Ворингтон...

Времетраење: 102 минути

Жанр:
драма

Година на издавање:
2014-та

Ако судиме по актерското  C.V. на Џенифер Анистон, таа ретко излегува од „комфорната зона“. Најчесто ја гледаме во романтични комедии и по нив фановите ја препознаваат. Но, од време на време знае да не изненади и со „прошетка“  надвор од таа „зона“. Резултатот од тие ретки моменти на диверзија се делата како: The Good Girl, Derailed, па дури и Friends with Money, а од минатата година и Cake.

Џенифер во Cake е Клер Бенет. Жена кој живее со хронична физичка болка, лузни по лицето и остатокот од телото по тешката сообраќајна несреќа. Цинична, огорчена и во најголемиот дел од времето зависна од апчиња против болка, таа ги отуѓува луѓе речиси на дневна база: сопругот Џејсон (Крис Месина), физио-терапевтот Бони (Мами Гамер), и скоро сите во нејзината група за емоционална поддршка. Најблиското нешто до човечка конекција или да речам пријател е нејзината куќна помошничка Силвана (Адријана Бараза). Но, кога Клер ќе стане опседната со неодамнешното самоубиство на Нина (Ана Кендрик), една од членките на групата, и кога ќе почне да има халуцинации за неа, опсесијата ќе ја однесе до нејзиното семејство. Поточно синот на Нина и вдовецот Рој (Сем Ворингтон).

Клер ја презираме инстантно уште од првата сцена. Од првата сцена сценаристот Тобин заедно со режисерот Дејвид Барнз, ни даваат прилично јасна слика за тоа каков лик да очекуваме од неа. Привилигирана богата жена која несреќата ја направила огорчена „кучка“, а болката која ја чувствува и е дозвола за да продолжи да биде кучка. Изговор да бидам попрецизна. И иако со најдобри намери, сценаристот Тобин направил филмот да се фокусира примарно на однесувањето на Клер, наместо на развојот на карактерот. Аспекти од нејзиниот живот (поточно од минатото) се нафрлени и недоволни објаснети, па дури и личностите од тој период не успеваме да ги поврземе со нејзиниот  лик. Најдобар пример за тоа е неколку минутното присуство на Леонард (Вилијам Х. Мејси) во филмот. Филмот остава на гледачот да ја направи претпоставката кој треба тој да претставува (личноста виновна за несреќата), но брзо исчезнува и повторно фокусот се префрла на Клер.

Анистон од друга страна дава една од најдобрите перформанси на нејзината кариера, а подеднакво маестрална е Адријана Бараза во улогата на Силвана, куќната помошничка на Клер. Врската меѓу двата лика е недефинирана, и покрај тоа што е водена од почеток до крај. Тоа е така, затоа што и нивната врска е базирана примарно на однесувањето на Клер. Во еден момент е дарежлива и внимателна кон Силвана, а во другиот злобна и сурова. Сиромашната Силвана и служи за пренесување на нелегални апчиња преку границата со Мексико и покрај фактот што е свесна дека ако ја фатат нема да може да го помине денот без неа.

Ана Кендрик во улогата на Нина е несоодветно избрана, но одличен е Сем Ворингтон како нејзиниот сопруг/вдовец Рој. Како и Џенифер, и Сем ни прикажува одлична глума по долго време, поточно од маестралниот, но многу потценетиот Somersault. Сите актери во Cake се минимални и центарот на филмот е Џенифер Анистон. Без шминка, со простетички лузни, ужасна фризура и 3 броја поголема облека.. Дали Cake е само суетата на Џенифер да докаже дека не е само површна холивудска дива? Па да, но со глумата во Cake, знаеме дека барем се труди да ни го докаже тоа. Кога ја гледате, сочуствувате со нејзината болка. Ги оправдувате сите апчиња кои таа мора да ги испие за да дојде до степенот во кој е фукнционална со таа болка и до таму е квалитетот на Cake. Штета што Џенифер ни прикажа недопечена торта, но за среќа тоа не е целосно нејзина вина. Таа својот дел од рецептот го прикажа маестрално.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...