На кого ќе му се јавите: Ghostbusters!

Фановите на СФ-комедијата Ghostbusters имаат причина за радост. Режисерот на римејкот планиран за следната 2016-та година, Пол Фијг ги одбра актерките за 4-те главни улоги и тие моментално се во филналните преговори за финализирање на договорите.

Кристен Виг, Мелиса Мекарти, Лесли Џонс и Кејт Мекинон се одбрнаите актерки за да ги толкуваат 4-те главни улоги во римејкот на истоимениот класик од 1984-та година.

Римејкот ќе биде со целосно женска актерска екипа во главните улоги т.е. во 4-те ликови кои ги сочинуваат Ghosbusters, но според американските медиуми Бил Мареј кој беше дел од оригиналниот филм е во преговори да се појави и во филмот на Фијг, но во улога на негативец.

За сега не е познато дали тој прифатил повторно да биде дел од Ghostbusters екипата, но познато е дека премиерата може да ја очекуваме на 22-ри јули 2016-та година.

Кристен Виг и Мелиса Мекарти веќе соработуваа со Фијг на хит комедијата Bridesmaids, а Кејт Мекинон и Лесли Џонс веќе се дел од хумористичното скеч шоу Saturday Night Live.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...