50 нијанси на теленовела

Наслов:
50 Shades Of Grey

Режија:
Сем Тејлор Џонсон

Сценарио:
Кели Марсел

Улоги:
Џејми Дорнан, Дакота Џонсон, Елиоз Мамфорд, Марша Геј Харден...

Времетраење: 125 мин.

Година на издавање:
2015-та


Додека го пишував текстов, се потсетив на една епизода од серијата Friends. Во неа, мајката на Чендлер Бинг (писателка на еротски новели) и вели на Рејчел Грин. –„Еј ако можам јас да напишам книга, секој може. Почни со 10-на европски градови, уфрли 30-на еуфемизми на машка гениталија и бум имаш книга“ Претпоставува писателката на 50 Shades Of Grey, буквално ја сфатила Г-ѓа Бинг. Додади и на тоа садо-мазо содржина и имаш бестселер.

Во филмската адаптација на 50 Shades Of Grey, Дакота Џонсон е Анастасија Стил. Студент по англиска литература која ќе биде испратена од настинатата цимерка Кејт Кавана (Елоиз Мамфорд) да направи интервју за студентскиот весник со Кристијан Греј (Џејми Дорнан), мега успешниот и згоден 27-годишен милијардер. Но, тој не е обичен млад човек со скапи „играчки“ како приватен хеликоптер. Неговите играчки се поинтимни, а неговите вкусови се... „сингуларни“ и инволвираат правен договор за дискреција.

Салман Ружди во својата литературна критика за книгата напиша: „Никогаш не сум прочитал нешто полошо напишано. Книгава прави Twillight да изгледа како „Војна и Мир“. Но, во контекст на самиот филм, искрено, имам гледно и полоши филмови од овој. Да не се разбереме погрешно. Филмот е лош, но да се обидам да најдам „silver lining“ како што ја нарекуваат Американците, метафората за оптимизам.

Да започнам со сценариото. Можеби најлошиот дел од целиот филм, но реално кога основата е книга со горенаведениот опис, не е целосна вината на сценаристката, бидејќи немала многу квалитетен материјал за работа. Ќе ги занемарам и самите реплики и водењето на сторијата кои се доведени до проста форма и стил налик на теленовела па ќе се фокусирам на поголемите проблеми. Кели Марсел не се ни обидела да даде емоционална тежина на ликовите - можеби најважните „алки“ во целиот филм. Сепак, евидентно најголемите пропусти се кај ликот на Кристијан Греј. Лик со многу потенцијал, бидејќи гледаме дека станува збор за конфликтна, комплицирана и емоционално унакажана млада личност. Само со тоа се отвараат потенцијални правци во кои би се движел ликот на Кристијан, но тој останува еднодимензионален. Целата приказна за неговото ужасно детство на пример. Можеби единствениот момент во целиот филм во кој гледаме трошка емоција од човек кој самиот вели дека е „50 shades of fucked up“, ни е сервирана на најбаналниот (а да не споменувам не-емотивен) начин „ограбен“ од секоја фидбек емоција. Тоа што Кристијан го свири Шопен речиси гол не е доволно за да не увери во спротивното и не ги надоместува дупките во неговиот лик.

Од аспект на перформансите на водечките актери, да повторно со истата констатација. Тие се неуверливии, но ако подобро размислиме тоа што им недостасува од актерски талент го надоместиле со друго, бидејќи да бидеме реални, нема да очекуваат номинации за Оскар за овој филм. Дорнан се истакнува со стоицизам, грациозност и самодоверба во манеризмите, а Џонсон со наивна  шармантна трапавост и природен талент за хумор. Искрено, во ликот на Анастасија го гледаме хуморот, повеќе од сите останати што е навистина неочекуван бонус за вака неквалитетен филм. Но, во кастингот на овие двајца актери (да напоменам дека имам поголема почит кон Дорнан бидејќи сум фан на серијата The Fall) е направена најголемата грешка, особено за филм од овој жанр.  Одбрани се физички привлечни актери со нула хемија меѓу нив. Тоа што можеби најмногу се бара од нив, а дури повеќе од актерски талент. Само на кратко ќе направам споредба со Out Of Sight, на Стивен Содерберг.

Свесна сум дека се комплетно различни филмови, но да се обидам да ја елаборирам компарацијата.... Out Of Sight е филм во кој главните ликови беа заедно во само 2-3 сцени од целиот филм. За разлика од 50 Shades во кој водечките ликови се заедно во речиси секоја… Но, бидејќи биле одбрани вистинските актери (Џорџ Клуни и Џенифер Лопез) тие ја завршија маестрално работата и сексуалната тензија можеше да се сече со нож, дури и кога тие не беа ниту во истата соба. И мислите дека Џенифер Лопез е кој знае колку талентирана актерка? Не, од неа се бараше да има примарно хемија со Клуни, како што сега се бара од Дорнан и Џонсон, а сега за жал не ја добиваме. Во 50 Shades Of Grey пак, на одличните актери (Марша Геј Харден, Макс Мартини и Џенифер Ели) им се дадени речиси криминално минорни ликови, но за поздравување е саунтракот кој „пополнува дупки“ во секс сцените, кои режисерката не успева да ги пополни.

Но, не смее да се негира дека Сем Тејлор Џонсон успеала во речиси невозможното со камерата. Внимавала на деталите, а сепак го задржала добриот вкус. Делумно потпомогната со кореографијата на експлицитните сцени, но заслуга на Тејлор е што филмот не преминал во вулгарно порно.

Состојбата во која се наоѓа каков што е сега... би можела да ја опишам како 50 Shades of telenovela. Да се надеваме дека најавените адаптации на останатите книги ќе бидат поквалитетни.

P.S. Една професионална забелешка. Која е таа новинарка која ќе и даде на цимерката да направи интервју? Јас ќе отидев на тоа интервју дури со дијагноза на ебола, и немаше да го дадам дури и на Барбара Волтерс. Но тоа сум само јас.

С. Лазаревска

50 Shades Of Grey можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

четврток: 16:00, 17:30, 18:10, 18:45, 19:30, 20:00, 20:30, 21:15, 22:00, 22:30, 23:00
петок, пон-сре: 16:00, 17:30, 18:45, 20:00, 21:15, 22:30 сабота: 14:40, 15:30, 17:30, 20:00, 22:30
недела: 14:40, 16:00, 17:30, 18:45, 20:00, 21:15, 22:30



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...