Пали и жари на 50: секси Моника „владее во Рим“

Италијанската актерка Моника Белучи во овонеделната посета на главниот град на Италија, Рим заедно со колегата Дениел Крег, докажа зошто е апсолутно прекрасна дури и на 50 години.

Моника беше одбрана да биде Бонд девојка во најновиот филм за агентот 007, Spectre кој моментално е во фаза на продукција, а филмското платно во 24-от Бонд филм ќе го дели со Французинката, Леа Сејду.

Со кастингот на Белучи, таа стана највозрасната Бонд девојка, надминувајќи ја Хонор Блекман во хитот од 1964-та година Goldfinger, за дури 11 години. Белучи беше присутна во Рим заедно со Даниел Крег за фото-сесија во стариот дел од градот, а ги воодушеви не само присутните фото-репортери туку и фановите кои подоцна ги погледнаа фотографиите од сесијата.

Облечена во прекрасен црвен фустан таа позираше пред фото-репортрерите, а подоцна заедно со Крег се сретна со италијанскиот министер за култура Дарио Франчесини и градоначалникот на Рим, Игназио Марино во официјалната вила.

Италијанската актерка Моника Белучи ќе биде егзотичната Лучија Скијара, француската актерка Леа Сејду попозната по улогата во драмата Blue Is The Warmest Color ќе биде Бонд девојката Мадлин Сван, а двојниот оскаровец Кристоф Валц беше одбран да го портретира ликот именуван Оберхаузер.

Споредни улоги покрај триото нови актери ќе имаат и Ендру Скот, англискиот актер попознат по улогата во серијата Sherlock, а исто така и Дејв Баутуста, екс борачот претворен во актер, кој оваа година го видовме во Guardians of The Galaxy.

Spectre ќе биде 4-от филм во низа на Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, а вториот по ред на режисерот Сем Мендез по Skyfall.

Премиерата на Spectre можеме да ја очекуваме на 6-ти ноември 2015-та година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...