Како се калеа тајните агенти...

Бејби „Бонд“ од гетото

Наслов:
Kingsman: The Secret Service

Режија:
Метју Вон

Сценарио:
Метју Вон и Џејн Голдман

Улоги:
Колин Фирт, Терон Еџертон, Самуел Л. Џексон, Мајкл Кејн, Софи Коксон, Марк Стронг...

Жанр:
акција

Времетраење:
129 мин.

Метју Вон оваа година ни го претстави петтиот филм во кој тој стои зад камерата, а дури трет кој е адаптација на стрип. По Kick Ass, X-Men: First Class, сега во 2015-та година пристигна Kingsman: The Secret Service. 

Кога агентот Ланселот (Џек Девенпорт) ќе загине на тајна задача, Кингсмен, тајната служба ќе треба да одбере нов наследник. Искусниот Хери Харт (Колин Фирт) како еден од кандидатите ќе го предложи Егзи Анвин (Терон Еџертон), син на екс агент во тајната служба. Сепак на средина на тренинг/селекцијата на кандидатите, светот ќе добие нов непријател. Ричмонд Валентајн (Самуел Л. Џексон). Ексентричен милијардер кој зад еколошките мотиви, крие многу позлобен план за светска доминација. Тој треба да биде сопрен, а во оваа мисија „подмладокот“ на Кинсгмен треба да дојде до израз.

Вон од друга страна, продолжува со неговата мисија  да тренира херои од кадетските категории, но во исто време и да создава ликови позабавни од самата сторија. Да повторам, херои без разлика дали се Kick Ass, Havok или сега „wanna be 007 агенти“ како Егзи во Kingsmen.  На негативците од друга страна им е потребна сриозна корекција, а Валентајн во Kingsmen не е исклучок. Реално, Самуел Л. Џексон е одличен избор за улогата на Валентајн и актерот одлично го заврши својот дел од работа. Говорната маана, хуморот, манеризмите се неговиот придонес во улогата, но проблемот е што тој не е доволно ценет од страна на сценаристите. Лик со толку дијаболичен план не треба да биде харизматичен негативец кој можеме да го видиме и во Austin Powers. Свесна сум за природата на самиот филм и основата на која тој е граден (стрип), но искрено чувствувате поголем презир кон очувот на Егзи, отколку кон човекот кој сака целосна контрола врз популацијата на планетава.

Од друга страна пак не може да се негира шармот кој новајлијата Еџертон го има во улогата на Егзи, а одлично е партнерството со менторот  Хери Харт (Колин Фирт). „Хемијата“ е присутна, и тоа радува. Навистина треба да се даде аплауз на кастингот на Фирт, бидејќи не постои актер кој е способен да ја одигра оваа улога со поголема пош (на моменти снобовска) грациозност на вистински англиски џентлмен. Тој е апсолутно прекрасен дури кога неговиот лик ќе убие 50-на верници во црква во Кентаки во една од најбруталните и искрено најзабавни сцени кои се снимени.

Талентот на Вон пак, можете да го цените најмногу во способноста да ги сакате ликовите кои тој ги води и во триумфите и во најдолните моменти, а финесите на тој талент ќе ги пронајдете во самите акциони сцени. Беспрекорни и скроени до милиметар, како и самите костими кои ги носат актерите. Обрнете внимание на сцената во црквата за ова. Можеби најдобрата (и најкрвавата сцена) со убивање од таа на „невестата“ против лудите 88 во Kill Bill. И во токму таа сцена сметам дека Вон заедно со сценаристката ја направиле најдобрата алегорија за состојбата во која се наоѓа светот денес. Можеби нема да се согласите, но ова е моето мислење. Да контролата на населението во Kingsmen е преку СИМ картички. За сега невозможно сценарио во реалноста. Но тука е „финтата“.

Сметам дека СИМ картичките се метафора за контролата која медиумите, социјалните мрежи,  па дури и големите компании ја имаат врз сите нас. Тие го обликуваат нашето мислење, постапки, живот, а искрено религиозниот фанатизам не помага премногу во тоа. Тој ме води до втората метафора која јас ја забележав во сцената во црквата. Да бидам уште поискрена вакви цркви (hate churches се нарекувани) навистина постојат и не само во САД. Но, самиот колеж кој се случи во црквата сметам дека е порака од сценаристите дека омразата која фанатиците во самите цркви ја шират ќе биде нашата пропаст. Ќе се убиеме меѓу себе побрзо отколку тоа што ќе го направи некој друг.

И за крај Kingsmen- The Secret Service е „вкусен десерт“. Го содржи истиот „рецепт“ на речиси сите останати филмови на Вон и за среќа се’уште функционира во најголемиот дел. Визуелно прекрасен, сигурна водена камера, динамична монтажа и посветување внимание на деталите. Додадете на тоа и супер кастинг и ќе ги занемарите малите пропусти кои се направени при „печењето“. Ќе го голтнете во два залака.

С. Лазаревска

Kingslmen- Secret Service можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите

работни денови: 15:00, 17:30, 20:00, 21:15, 22:30
викенд: 12:30, 15:00, 17:30, 20:00, 21:15, 22:30 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...