ХИВ постои и една серија не потсети на тоа

Геј ликовите се повеќе се присутни во американскиот ТВ етер и тоа е добро. Во раните 80-те години, беше контроверзна серијата Soap токму поради фактот што имаше само еден геј лик (портретиран маестрално од Били Кристал), но работите се променија во 90-те. Will And Grace ги промени работите. Во неа ни беа прикажани два вида на геј личности. Вил Труман (Ерик Мекормак) беше посериозниот и смирениот, а Џек Мекфарланд (Шон Хејс) беше промискуитетниот camp пријател со сите стереотипи за геј популацијата во неговиот карактер. Но, ниту еднаш од нив не беше дискутирана темата за сексуално преносливи болести.



Ако добро се сеќавам Грејс (Дебра Месинг) и тогашниот дечко (игран од Вуди Харлисон) се тестираа за сексуално преносливи болести, но никој друг не го направи тоа во сите 8 сезони. И не само болестите. Безбедносниот секс исто така и користењето на заштита. Искрено од тогаш имаше доста геј ликови во повеќе серии без разлика дали се драмски или хумористични. Стенфорд Блеч (Вили Герсон) во Sex And The City, Дејвид Фишер (Мајкл С.Хал), во Six Feet Under Ијан Галагер (Камерон Монахан) и Мики Милкович (Ноел Фишер) во Shameless.

Дали воопшто беше спомената оваа тема меѓу овие ликови? Мислам дека не. И тоа е проблемот. Американските серии и филмови во новиот милениум како да заборавија дека сексуално преносливите болести постојат, не само во геј популацијата туку и во хетеро. Можеби The Normal Heart ТВ филмот со Џулија Робертс и Марк Рафало од минатата година ја начна СИДА-та како тема но дејствието беше сместено во самите почетоци на пандемијата (раните 80-ти), а не во денешно време. Сепак, една серија не потсети на суровата реалност.

Финалето на How To Get Away With Murder ни донесе многу разврски, но и една шокантна вест поврзана со двајцата ликови од серијата. Оливер Хемптон (Конрад Накамура) и Конор Волш (Џек Валахи). Еден од најдобрите парови во оваа серија брзо ги освои срцата на фановите најмногу поради искрената природа на нивните ликови, но и на нивната „врска“. Никогаш екслузивна, на почетокот користољубива од страна на Конор, а во текот на сезоната речиси уништена поради тоа, но и поради промискитетноста на самиот лик. И тука е шокот.

Кога во последната епизода двајцата одлучија да се тестираат за сексуално преносливи болести (внимание спојлер) Конор доби негативен резултат за ХИВ, а Оливер доби позитивен.

Еди (глумен од Даниел Франзезе) во Looking серијата е моментално еден од ретките отворено ХИВ позитивни ликови во американскиот ТВ етер, а Оливер стана можеби вториот. Но, и самиот вовед во шокантната дијагноза беше нешто што одамна не сме го виделе.

Конор седи во ординацијата и пред медицинската сестра треба да даде груба проценка на сексуалните партнери во годината, но и на сексуалните искуства во кои тој користел кондом. И интересно медицинската сестра која го интервјуираше пред тестот, не го осудуваше на бројката на партнери туку на фактот што не бил внимателен. Нешто што секој би го помислил, не само медицинско лице.

На ТВ публиката и се потребни вакви моменти уште повеќе. Како што пред неколку години тоа го направи серијата Girls во хетеро светот на тв карактерите. Хана (Лина Дунам) главниот лик во хит хипстерската серија покрена многу дебати во јавноста откако во една епизода соопшти дека има ХПВ. Но, тоа е реалноста. Таа болест постои и не правиме услуги со негирањето, криењето и одбивањето да се зборува за неа, дури и од фиктивните ликови.



Дијагнозата на Оливер Хемптон во How To Get Away With Murder е добар чекор за да се сузбие стигмата за ХИВ. Да, секако таа беше искористена од страна на сценаристите и за да се трасира патот на ликовите во нова мелодраматична  насока за втората сезона. Но, колку и да е ризичен потег барем сценаристите не потсетија  и на реалноста. Дека таа е и тоа како присутна. Само што никој не зборува за неа.

С.Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...