Неподносливата леснотија на заборавот


Наслов:
Still Alice

Режија/сценарио:
Ричард Глецер и Ваш Вестмореланд

Улоги:
Џулијан Мур, Алек Болдвин, Кејт Босфорт, Кристен Стјуарт, Хантер Периш...

Времетраење: 101 мин.

Жанр:
драма




Алис Хоуленд (Џулијан Мур) има совршен живот. Супер кариера како професор по лингвистика на Колумбија универзитетот и супер семејство. Џон, сопругот (Алек Болдвин) која ја обожава и три возрасни деца Ана (Кејт Босфорт), Том (Хантер Периш) и Лидија (Кристен Стјуарт). Живее во прекрасна совршена куќа на Менхетен, готви совршени вечери, но совршениот живот ќе се промени кога ќе и биде дијагоностицирана рана фаза на Алкцхајмерова болест. Тоа што ќе следи е борбата на Алис и семејството да се адаптираат на прогресијата на болеста.

Џулијан Мур е една од ретките инстинктивни актерки во Холивуд и таа дарба ја користи лесно да се приспособи на улогите колку и да се различни. Кога ја гледате во Still Alice, дури изгледа премногу лесно тоа што го прави, но тоа е само уште еден тестамент за талентот на оваа актерка, кој минатиот месец беше награден и со Оскарот за главна женска улога.  Режисерите Глецер и Вестмореланд ја искористиле целата магнитуда од силината на перформансот на Мур и ја држеле камерата најмногу фокусирана на лицето на актерката. Џулијан глуми примарно со лицето во овој филм. Гледате како и во сцените во кои таа не изговара зборови, успева да ни ја пренесе не само сржта на филмот, туку и иронијата која цело време виси над неа и на нејзината професија. Алис е жената која целиот живот живеела за зборовите и од нив, а сега полека ги губи во нејзината глава.

И горе го споменав зборот борба. Да, можеби болеста прави битката да биде изгубена на крајот, но Алис не се предава без борба. Најпрво таа е интелектуалец која целиот живот го „вежбала“ мозокот кој сега полека згаснува и второ затоа што има само 50 години и не влегува во возрасната група најчесто погодена од оваа болест. Вториот дел не изгледа фер, но за жал болеста не бира години. Ја гледаме како запишува прашања и информации во телефонот на почетокот, а подоцна се мачи и со најобичните работи кои ние ги сметаме за безначајни. Врзувањето на врвките од патиките на пример.

Сценаристите не се штеделе на мелахнолијата во тонот, но и во прикажувањето на фактот како таа болест е способна секого да го ограби од достоинството, колку и да е богат, сакан, образуван. И тука е добредојдена реалноста во прикажувањето на болеста. Тажна е сцената во која Алис ја гледаме како ќе се измокри бидејќи нема да успее да се сети каде е тоалетот. Всушност тоа е многу човечен момент кој сценаристите го вметнале, а во таква деградирачка состојба убаво прикажале и што значи да имаш семејство кое ќе биде покрај тебе и во тие моменти. Ни прикажале филм полн со емпатија и болно искрена реалност дури и во клише моментите преку флеш бек сцените од минатото.

Iris ги имаше истите сцени, но таму беа инкорприрани во целата „слика на сторијата“ и минатото ја дообликуваше сегашноста која ја гледавме. Флеш бек сцените во Still Alice се спорадични, но комплетно непотребни. Очигледно вметнати за емоционален ефект и ништо повеќе.

И бидејќи фокусот е на перформансите, камерата е најчесто фиксирана во гро план на актерите. Забележете ја сцената на првата посета на Алис на докторот. Таа разговара со него, но ние не го гледаме. Само го слушаме некаде во позадина. Тој е невидлив, зад камерата и всушност ова е добар потег на режисерите. Важни се информациите кои ни ги соопштува Алис. Се што ќе каже тој е само во форма на прашање. Алис ги има одговорите.

Алек Болдвин разочарува со индиферентноста во неговиот перформанс на сопругот Џон, а исто така и Кирстен Стјуарт како најмладата ќерка, но интерсно сценаристите нејзиниот лик го направиле поблизок до мајка и покрај тоа што во најголемиот дел е одвоена од фамилијата. Лидија можеби живее илјадници километри од семејството, но на нејзе и е дадена посебна врска, особено со мајка и.

Still Alice е солиден филм. Примарно воден од одличната глума на Џулијан Мур, но и од одлуката ужасната болест да добие „човечна нота“ и покрај тоа што го намалува достоинството на лицата кои стадаат од неа.

С. Лазаревска

Still Alice ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино салите од 26.3. 2015-та година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...