Најдоброто од човештвото меѓу метал и жици

Наслов:
Chappie

Режија:
Нил Бломкамп

Сценарио:
Нил Бломкамп и Тери Течел

Улоги:
Шартло Копли, Дев Пател, Ваткин Тудор Џонс, Јоланди Висер, Хју Џекман...

Жанр:
сф/акција

Времетраење:
120 мин.

Нил Бломкамп е фасциниран со иднината. Поточно со најлошото и најдоброто од човештвото во дистописката иднина, а сега во 2015-та година со пријателот од тинејџерските денови, Шартло Копли ни ја претстави новата визија за таа иднина.



Третиот режисерски проект на Бломкап, Chappie е сместен во Јоханезбург 2016-та година. Криминалот е во полн замав, па решението на полицијата се робот полицајците. Еден од нив е и Чапи (Шартло Копли),  создаден и креиран од инжењерот Дион Вилсон (Дев Пател), кој по рација ќе биде оштетен и испратен за рециклирање. Но, во меѓувреме Дион ќе создаде и чип со софтвер кој има поинаква вештачка интеленција од стандардните, а ќе го тестира токму на него. Сепак, експериментот ќе добие нова агенда, кога Дион и Чапи ќе бидат киднапирани од триото криминалци Нинџа, Јоланди и Америка (Нинџа, Јоланди и Хозе Пабло Кастиљо).  Роботот им е потребен на триото за планираниот грабеж, но дали тој ќе се согласи да учествува во него сега кога има карактер?



Chappie е забавен гледлив филм. Да секако. Но, кога ќе загребете, под тоа нема да најдете ништо супстенцијално, за филмот да се издигне над површината т.е „забавата“. Претходните два проекти на Бломкамп District 9 и Elysyim се одликуваа и со силна социјална и политичка критика на општеството, но во Chappie таа речиси и да ја нема. Покрај тоа што загрижува недостатокот на порака, загрижува и недостатокот на квалитетно создадени и развиени ликови. Со многу потенцијал во нив, а мала шанса да не восхитат бидејќи не е искористен тој потенцијал.

Ќе започнам со главниот лик, Чапи. Иронично, сè што е емоционално и човечно доаѓа од тој робот, а сè што е одвратно и нехумано доаѓа главно од луѓето и тоа е убаво нагласено. Само погледнете ја сцената кога Нинџа ќе го остави Чапи во сиромашниот дел од Јоханезбург и што ќе му се случи веднаш потоа. Разбрав што сакал Бломкамп да ни пренесе со ликот на Чапи. Режисерот наговестува дека ни е потребен еден титаниумски робот да ни покаже дека има повеќе душа од нас. Неизбежни се и прашањата како: дали вештачката интелегенција може да развие совест и ако може дали е способна да ги подобри луѓето во човечноста, хуманоста, разликувањето на доброто од лошото? Или ни нема спас? Немам проблем со верзијата на Бломкамп да направи вештачка интелегенција со човечки карактеристики. Тоа пред неколку години го направи и Спајк Џонз со Саманта (гласот на Скарлет Јохансон) во Her. Но, сега таа вештачка интелегенција почнува од нула. Од бебе. Чапи е бебе откако Дион ќе  му го вгради чипот, а подоцна развојот на карактерот на роботот е во најголемиот дел имитација од изгледот, карактерот и манеризмите на „сурогат родителите“. Хеј Чапи дури ја нарекува Јоланда „мама“, но тука е проблемот. Учењето за светот кој Чапи го осознава е начнато, и тоа е во ред. Но подоцна е стопирано и вратено примарно на копирањето/ манипулирањето на роботот од Нинџа и Америка. Што не е во ред.



И кога сме на темата... Што ли мислел Нил Бломкамп кога ставил хип хоп пејачи и непрофесионални актери во 2 од виталните 3 улоги? Нинџа и Јоланди (да тоа се и нивните уметнички имиња) не бунат со присуството, а не помага и одвратниот „дистописки гегнста“ имиџ кој го имаат на себе. Дев Пател е солиден како Дион, дизајнерот и креатор на роботите, но Шартло Копли како Чапи е апсолутно маестрален. Можеби единствената светла точка во актерската екипа. Копли успеал да го направи најслоевитиот и емотивен лик од сите и скрено тоа се должи примарно на актерот на неизмерниот талент кој го поседува, дури и во лик создаден од SGI.

Разочарувањето во Chappie доаѓа од Винсент. Хју Џекман очигледно доста се забавувал глумејќи го (бидејќи не му е прв филм со роботи во кариерата) но, навистина штета што сценаристите сториле од него. Навистина штета бидејќи Џекман е солиден и инвестиран а, како и повеќето ликови така и Винсент е неразвиен и без дефинирана агенда. Кој е неговиот мотив? Љубомора, инфериорност? Да, тој сака да го внесе својот изум во полицијата, но не успева на сметка на делата од Дион. Никогаш не ни се целосно објаснети неговите постапки и тоа е навистина штета. Криминално е што сценаристите и дале на актерка како Сигурни Вивер само 4-5 сцени во Chappie. Тоа е жена која постави стандарди во научната фантастика, но сега е комплетно игнорирана и деградирана со лик како Мишел Бредли.



Сепак, за разлика од сценариото, Бломкап повторно ни го прикажа целосниот распон на својот раскошен талент во  режијата, а таму може да се најде сè. Ареални кадри, забавени снимки, одлично спакувани со маестралната SGI и еклектичната музика на Ханс Зимер.

Бломкамп со Chappie да ни претстави еден свој Robocop или Number 5. Од пелени, така да се изразам. Не успеа да ја замисли возрасната публика , туку само да ја забавува детската со палавштините на Чапи. Со нетрпение го очекуваме тогаш, Alien 5 следниот филм од него со Сигурни Вивер во улогата на Елен Рипли.

С. Лазаревска

Chappie можете да го погледнете во Cineplexx кино салите

работни денови (освен недела): 15:00, 16:00, 17:30, 18:50, 20:00, 22:20 недела: 13:20, 16:00, 18:50, 20:00, 22:20



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...