Итан Хоук оваа година освои номинација за Оскар, за драмата на Ричард Линклатер, Boyhood, а веќе во мај фановите ќе имаат можност да го погледната во трилерот Good Kill.
Итан во Good Kill е Том Иган. Воен пилот во армијата на САД кој од бункер во пустината во Невада, извршува напади на Талибанци со дрон. Посакува да се врати во кок пит, наместо да биде пред компјутер, но во исто време ќе започне да се преиспитува за штетата кој ја нанесува неговата професија.
Во улогата на сопругата на Том ќе ја видиме Џануари Џонс, актерката попозната по серијата Mad Men, а исто така во актерската екипа се и Брус Гринвуд, Зои Кравиц и Алма Систерос.
Сценарист и режисер на Good Kill е Ендру Никол, а премиерата ќе ја дочeкаме на 15-ти мај оваа година.
Погледнете го првиот трејлер за Good Kill.