Од почетоците до финалето во Љубљана

До титулата и по неа

Наслов:
Bicemo Prvaci Sveta

Режија:
Дарко Бајиќ

Сценарио: Гордан Михиќ и Небојша Рамќевиќ

Улоги:
Милош Биковиќ, Страхиња Блажиќ, Сергеј Трифуновиќ, Александар Радојќиќ, Џон Севиџ....

Времетраење:
126 мин.



По минатогодишниот Montevideo vidimo se, од продуцентите пристигна најновото дело за уште еден спортски настан, Bicemo Svetski Prvaci.

Филмот го следи напорот на четири момци: Небојша Поповиќ (Страхиња Блажиќ), Борисав Станковиќ (Александар Радојќиќ), Радомир Шапер (Милош Биковиќ) и Александар Николиќ (Марко Јанкетиќ) од 1945-та година кога се фромирала првата кошаркарска репрезентација на Југославија па се до 1970-та година кога во Љубљана една комплетно друга генерација предводена од Ранко Режавица (Срѓан Трифуновиќ) стана Светски првак во кошарка.



Bicemo Prvaci Sveta e преголем залак, но може да се проголта. Преголем залак повеќе за самиот волумен од периоди кои се третирани во филмот, отколку од техничките детали при продукцијата и токму поради тоа на моменти трпи во квалитетот. Кога го гледате сфаќате дека периодите натежнувааат, но за среќа помагаат повеќе елементи (добриот кастинг од повеќе генерации и хуморот во сценариото) толку да можеме ние гледачите да ги поднесеме. Како што веќе објаснив финишот на самиот филм е финалето на СП во кошарка во Љубљана. Ги гледаме и подготовките на селекцијата предводена од Жеравица на Блед, но наместо повеќе сценаристите да се фокусирале на самиот триумфален момент (и патот до таму на самиот турнир) тој е ставен во втор план. Самиот натпревар всушност е во последните 30-на минути од филмот со кратки сцени од карантинот на Блед, а во остатокот доминираат флеш бек сцените од 25-годишната историја на репрезентацијата на Југославија на други турнири, креирањето на КК Партизан и првото ривалство со Црвена Ѕвезда, љубовната сторија на Небојша Поповиќ и Љубица Оташевиќ....



Сепак колку и да се тривијални или мелодраматични самите моменти и искрено колку го деградираат самиот чин кој го носи и самиот наслов на филмот (станувањето на светски прваци), во малите моменти ни се прикажани и други аспекти од животот во СФРЈ за кои денешната публика не е воопшто свесна. Партиската контрола на повеќе аспекти од животот, а дури и на кариерите на кошаркарите. Само погледнете ја сцената со натпреварот на Југославија против Шпанија. По наредба на другарот Тито, натпреварот со репрезентацијата претставувана од генералот Франко нема да се одигра. И не се одигра. Или пак првото полувреме од самото финале. Неколку минути од самиот натпревар кога Југославија играла лошо биле блокирани од „директива на партијата“. Тие детали се добредојдени од страна на сценаристите.



И колку и да се солидни актерите од новата генерација Страхиња Блажиќ, Александар Радојќиќ, Милош Биковиќ и Марко Јанкетиќ, ветераните се тие кои навистина импресионираат и покрај тоа што го немаат истото присуство пред камерите. Но, со времето кое им е дадено, го искористиле максимумот, па затоа не може да не се спомене перформансот на Сергеј Трифуновиќ како селекторот Жеравица, Небојша Дугалиќ како Владимир Дедијер, Леон Лучев како мајорот на УДБА –Штукало и Лазар Ристовски во улогата на Јосип Броз Тито.



Хуморот е присутен, а изненадувачки голем дел од него доаѓа од ликот на Тони Михајловски колку и да е мала неговата минутажа. Тој е урнебесен како шоферот на Небојша Поповиќ од првата сцена со репликата „Зошто бе? Носам Тетекс Тетово“ па се до последната сцена во салата. Режијата е задоволителна, но повеќе импресионира вниманието посветно на деталите во костимографијата, продукцискиот дизајн и локациите на снимање.



Кога ќе се сумира Bicemo Prvaci Sveta е гледлив филм. Не е инстант „спортско ремек дело“, но и покрај мааните е поднослив за гледање. На моменти губи темпо, на моменти филмот се губи во непотребни историски сцени, но успева да го прикаже тоа што е важно не само во кошарката, туку во било кој спорт. Да веруваш во победата.

С. Лазаревска



Bicemo Prvaci Sveta можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите

 четврток: 15:00, 17:30, 20:00, 20:15, 21:00, 22:30

петок, понеделник-среда: 15:00, 17:30, 20:15, 21:00, 22:30 викенд: 12:30, 15:00, 17:30, 20:00, 21:00, 22:20 часот

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...