Halt and catch firе: Мајски кам бек на супер серијата

Известување до сите фанови на Halt and Catch Fire. 31-ви мај е датата која треба да ја заокружите на календарите. Премиерата на првата епизода од втората сезона е официјално закажана за 31-ви мај на AMC каналот, а сега е објавен и првиот официјален клип од неа.



По долго очекување и неизвесност, дали серијата ќе биде обновена за втора сезона, таа не само што беше обновена, сега доби и дата за емитување. Втората сезона ќе започне во 1985-та година, а од клипот може да се погледнат почетоците на Mutiny новата компанија која ја основаа Дона (Кери Бише) и Камерон (Мекензи Дејвис).



Покрај 4-та актери кои ги видовме во првата сезона, меѓу кој е и одличниот Ли Пејс во главната улога на анти-херојот Џо Мекмилан, Кери Баше, Скот Мекнери и Мекензи Дејвис, повторно ќе бидат дел од екипата. Како нови актери ќе бидат додадени Алекса Паладино (Boardwalk Empire), Марк О’Брајен и ветеранот во Холивуд Џејмс Кромвел.



Првата сезона  константно добиваше одлични критики од критичарите кои ја оценија како една од најдобрите во 2014-та година, но не успеа да ги добие рејтизните кои ги посакуваше AMC каналот. Сепак, каналот и даде уште една шанса најмногу поради присуството на Ли Пејс актерот во главната улога. За време на емитувањето на серијата, стана добро познато име кај публиката благодарение на блокбастерот Guardians Of The Galaxy, но и присуството во трилогијата на Питер Џексон, The Hobbit. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...