Не тоа не е Даниел Крејг

Даниел Крејг викендов беше екстра зафатен. Тој ги снимаше најновите сцени од Spectre. Воведната сцена на  филмот која екишата ја снимаше изминатиот викенд беше дел од сетот во Мексико, но самиот актер не беше присутен на снимањето. Таму беше неговиот каскадер облечен како Џејмс Бонд.



Каскадерот беше забележан како со маска ни лицето која треба да наликува на Бонд, се бори со актер во хеликоптерот на сетот. Даниел Крејг пак, самиот актер кој всушност е Џејмс Бонд беше во Рим, каде заедно со Моника Белучи (една од актерите во Spectre) ги снимаше сцените на градските гробишта во главниот град на Италија.



Покрај Даниел Крејг во главната улога на 007 агентот, Џејмс Бонд, Бен Вишау ќе го видиме повторно во улогата на Кју, а исто така и Рејф Фајнс како М (Ем) и Наоми Харс во улогата на Госпоѓа Манипени. Моника Белучи ќе биде егзотичната Лучија Скијара, француската актерка Леа Сејду попозната по улогата во драмата Blue Is The Warmest Color, ќе биде Бонд девојката Мадлин Сван, а двојниот оскаровец Крисфот Валц беше одбран да го портретира ликот именуван Оберхаузер.

Премиерата на Spectre е закажана за 6-ти ноември оваа година.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...