„Дома“ е таму каде што е мајка ми

Наслов:
Home

Режија:
Тим Џонсон

Сценарио:
Тим Џеј Естл и Мет Ембер


Улоги:
Ријана, Џим Парсонс, Стив Мартин, Џенифер Лопез...


Времетраење:
88 мин.


Ријана ја почна актерската кариера пред само 3 години. Деби филмот со кој таа се претстави на фановите и на филмското платно беше Battleship, а сега во 2015-та година, таа со нејзиниот глас повторно се врати во кино-салите со Home.



Вселенската раса Був бегајќи од злобниот непријател Горг ќе пронајде нова планета за населување, Земјата. Бувовите предводени од страшливиот лидер Смек (Стив Мартин) ќе ги дислоцираат луѓето од своите домови, ќе ги преселат во комуна во Австралија и ќе се сместат во нивните домови. Но, тие ќе бидат под закана да бидат откриени на новата локација, откако Ох (Џим Парсонс) еден од нив, ќе испрати мејл до сите „пријатели“ да присуствуваат на забавата која тој сака да ја приреди. Сепак, не сите се во Австралија. Тип Тучи (Ријана) и нејзината мачка Фет се единствените останати во САД, па ќе стори сè за да ја пронајде мајка си. Дури и да замине на патување до Австралија со Ох.



Home е визуелно задоволителен филм. Анимиран со пастелни весели бои и реален визуелен приказ на тинејџерските девојчиња на денешницата. „Тежок“ со морални пораки за градење на храброст, добрина и значењето на пријателството /семејството (особено мајчинската фигура) прикажани преку двајца осамени ликови. Да започнам со очигледните сличности кои не само во премисата, туку и во ликовите ќе ги пронајдете со Lilo And Stich. Девојката сега наречена Тип ќе се здружи со неподнослив вознемјанин, баран на Земјата од властите на сопствената раса. Од друга страна, за разлика од Стич кој речиси и да не зборуваше, Ох е комплетно спротивен. Всушност тој најмногу потсетува на Џар Џар Бинкс од последната Star Wars трилогија. „Ломоти како навиен“ со чуден микс на говор, а исто така и не смееме да заборавиме дека и двајцата се досадни осаменици отфрлени од општеството.



Режисерот Џонсон и сценаристите го држеле бројот на ликови на минимум, но во најголемиот дел од филмот ни се претставени само Тип и Ох. Кога ги гледаме останатите ликови, гледаме предвидливи и неимагинативни споредни ликови. Смек (Стив Мартин) е комплетно бескорисен, а и хуморот во неговиот лик е неимпресивен. Самиот негативец Горт исто така е разочарување. За лик од кој цела една раса е подготвена да бега од него, е доста слаб и неуверлив. Од актерите ниту Стив Мартин ниту Џенифер Лопез не се докажаа со способностите, но ако забележите еден друг актер тоа го направи. Мет. Л. Џонс во улогата на Кајл. За читателите кои не се запознаени со Мет, тоа е екстра талентиран актер со специфичен глас кој веднаш го препознавате штом еднаш ќе го слушнете. Јас за прв пат го забележав актерот во серијата Breaking Bad, а сега сум фан на неговата работа во комичната серија Mom. Ријана во улогата на Тип е речиси просечна, а подобрување е Џим Парсонс како Ох. Ако сте фанови на Big Bang Theory, ќе уживате и во перформансот на Парсонс.



Филмот се гордее со интересен концепт во сет дизајнот по „инвазијата“ на Бувовите каде што сè е направено во облик на меури. Саундтракот на филмот од друга страна е повеќе маркетиншки „его трип“ на Ријана и Џенифер Лопез за да ги претстават песните пред нова генерација на публика и кој за жал не фукционира како што треба. Само помислете колку беше добар ефикасен саунтракот (да повторно се враќам на Lilo And Stich) базиран на песните од Елвис Пристли.

Одамна во интервју со сега веќе починатата актерка Британи Марфи ја прочитав реченицата: „Home is where my mom is“. Во слободен превод: „Домот е таму каде што е мајка ми“. Остана во мене и полека како стареам го сфаќам значењето на истата сè повеќе...

Но, и покрај недостатокот во квалитет, сумиран Home е гледлив и на моменти забавен филм во кој најмногу ќе ужива публиката до 10 години. За тие над 10 нема ниту присуството на Џим Парсонс да биде доволно.

С. Лазаревска

Home можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите

работни денови: 15:00, 16:15, 17:00, 18:10, 19:00
викенд: 11:00, 12:00, 13:00, 14:00, 15:00, 16:15, 17:00, 18:10, 19:00 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...