Немам пријатели-имам фамилија


Наслов:
Furious 7

Режија:
Џејмс Ван

Сценарио:
Крис Морган

Улоги:
Винс Дизел, Џејсон Стејтам, Мишел Родригез, Лударкис....

Жанр:
акција

Времетраење: 137 мин.





Јасно се сеќавам на моментот кога дознав за смртта на Пол Вокер. Сабота сабајле, се подготвував за долг работен викенд поради моето дежурство.  Уште од мојот телефон, видов илјадници постови за него на Facebook. R.I.P, In Memoriam, а јас се’уште не можам да сфатам за кој Пол зборуваат. Дури и кога ја видов неговата фотографија не можев да поверувам. Само неколку дена претходно пишував за снимањето на дел од сцените на Furious 7. Но, и покрај предвремената смрт, Пол ќе остане запаметен кај фановите како прекрасен талентиран актер кој остави свој печат во оваа франшиза.



Сега во Furious 7, Брајан О’Конор се обидува да се навикне на семејната идила која го задушува. Сепак, таа монотонија брзо ќе стане најмалиот проблем во неговиот живот. Сега бандата има нов непријател. Декард Шо (Џејсон Стејтам), братот на Овен (Лук Вилсон). Барајќи одмазда за коматозната состојба во која го сместија брат му во 6-от дел, Декард ќе сака сите до еден да ги елиминира, но тој е баран и од тајните агенти на владата на САД, особено од „Mr. Nobody“ (Курт Расел). Mr. Nobody ќе му понуди на Дом (Винс Дизел) да ја најдат озогласената хакерка Ремзи (Натали Емануел) и да спречат нејзиниот изум God’s Eye да не дојде до „погрешните раце“. Оној што го има God’s Eye може да го најде секого на планетава, па потрагата по него а и по Декард ќе ги однесе Дом и тимот на повеќе локации.



Furious е апсурден, на моменти мелодраматичен, но во исто време забавен филм полн со адреналин. Можеби најдобриот во досегашната франшиза од визуелен аспект. Апсурдот е присутен не само во акционите сцени, туку и во самото сценарио, а таму ќе ја најдете и мелодрамата. Особено во развојот на врските меѓу Лети и Дом/Брајан и Миа, но и во comeback репликите. Тие сами по себе го носат хуморот без актерите „да мрднат со прст“, но кога го има од нив, тој очекувано најмногу доаѓа од Роман (Тајриз Гибсон) и Теж (Лудакрис).

Кога сме кај сценариото, имам една замерка и една пофалба. Најпрво ликот на Миа (Џордана Брустер) е деградиран и сведен речиси на минорен. Бременоста која е внесена во сижето е во ред, но таа и покрај тоа можеше да придонесе во тимот на друг начин, наместо да се крие во Доминиканската република. Но, од друга страна имам пофалба до сценаристот Морган за одлуката хакерот Ремзи (Натли Емануел) кој го бараат двете страни да биде жена. Прекрасна и паметна истовремено, таа комбинација ги воодушеви Роман и Теж во филмот, не само нас во публиката.



Да позборуваме малку и за режијата. Furious 7 е првиот за режисерот Џејмс Вен во оваа франшиза, но морам да признаам неговата работа пријатно изненади. Филмот не само што е првиот за Вен во франшизата, туку и во жанрот акција, а тука креативното водење на камерата најмногу доаѓа до израз во акционите сцени. Не само што со кадрите Вен направил течен флуид на акцијата кој забавен и лесен за следење, туку направил и акцијата да биде една од „ѕвездите“ на филмот. Солидна е употребата на CGI, особено во ликот на Брајан, но Вен тука го искористил целиот потенцијал на талентот и техниките. Зум, вертикална и ареална камера, забрзани снимки, флеш бек сцени... Има од сè и сè е искористено паметно.

Џејсон Стејтам и Џајмон Хунсоу се одличен избор на негативци во Furious 7, но некако двајцата се премногу за самиот филм, а искрено Мосе Јаканаде (Џајмон Хунсоу) е комплетно непотребен. Хунсоу е всушност многу поквалитетен актер од Стејтам, но за жал не му бил дадено доволно време и простор на ликот за да дојде до израз.

Курт Расел е изненадувачки харизматичен и во најстатичната улога во подоцнежната кариера, а убаво е прикажан неговиот карактер. За разлика од името (тој се вика Mr. Nobody), неговата агенда никогаш не е скриена. Тој е искен, отворен и јасен за своите планови и во помошта на тимот на Дом.

Но, крајот е тешка кнедла за фановите. Збогувањето на Брајан со франшизата и Дом е направено премногу сентиментално, но вкусно речиси и да не ја преминува границата на патетика. Низ филмот ја гледаме неговата прогресија и немирот при навикнување на семејниот мирен живот, но подоцна сфаќаме дека таа прогресија само не подготвува за крајот. Убав крај, можеби достоен за толку убав карактер, за толку убав човек како што беше Пол Вокер.

С. Лазаревска

Furious 7 можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите во Скопје:

 

петок, понеделник, среда: 14:40, 15:45, 16:30, 17:30, 18:30, 19:15, 20:00, 21:00, 21:50, 22:40

викенд: 12:00, 13:40, 14:40, 15:45, 16:30, 17:30, 18:30, 19:15, 20:00, 21:00, 21:50, 22:40

вторник: 14:40, 15:45, 16:30, 17:30, 18:30, 19:15, 20:00, 20:30, 21:00, 21:30, 22:00, 22:40, 23:10

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...