Реалноста за сексот е на телевизија

Мислам дека Game Of Thrones го започна тој тренд. Славењето на сексуалноста на женските ликови за тоа што сакаат да добијат од неа, а не што очекуваат другите. Да, може да се каже дека и Sex And The City ја прикажа сексуалната слобода на жената, но таа колку и да беше присутна, никогаш не делуваше премногу реално во ликовите и од аспект на самите секс сцени прикажани во серијата.



Од тогаш во американскиот ТВ етер пристигнаа десетици серии кои не само што ја третираат сексуалноста на реален начин, туку и интимноста. Знаете, таа меѓу две сексуални суштества која се случува во спалната соба каде што и припаѓа. Толку е едноставно нели?

Зборував на почетокот за Game Of Thrones. Серијата се гордее со силни женски ликови и raicy сексуални сцени, но една сцена особено воодушеви и предизвика сеизмичка промена во две области. За тоа како сценаристите ни ја претставуваат жената во сериите, и како тие (женските ликови) ги гледаат личностите од спротивниот пол. Зборувам за сцената од 4-та сеозна кога Даернис (Емилија Кларк) со уживање гледа како Дарио (Ед Скреин) сензуално ќе се соблече пред неа. Сексуална сатисфакција исклучиво за жената?Да да и тоа е возможно. Но, интересно е што оваа сцена не ја намали машкоста на машкиот лик, туку само ни прикажа дека и жените знаат да уживаат во сексуалноста на мажите. Таа не е резервирана само за посилниот пол.



Тој пријатен новитет во сериите сега доби дури и „upgrade“. Што е уште подобро, бидејќи сега тој upgrade е најевидентен во една нова серија Outlander. Адаптација на истоимениот литературен серијал од писателката Дијана Габалдон, Outlander е проект на Starz кабловската телевизија. Главните улоги во Ouotlander ги толкуваат Сем Хеуган и Каитриона Белфи. Шкот и Ирка по потекло, тие се прекрасни и талентирани истовремено, и со одлична хемија пред камерата.

Серијата ја следи Клер Беушамп, медицинска сестра која од средината на 20-от веќ ќе биде транспортирана во Шкотска во 1743-та година. Таму ќе се запознае со Џејмс Фрејзер, прекрасен воин кој како и многу други е во средина на граѓанската војна меѓу Шкотите и Англичаните. Двајцата ликови се привлекуваат меѓусебно уште од моментот кога се запознаа во првата сцена во првата епизода, но 7-та епизода беше откровение за фановите не само на серијалот книги Outlander, туку и на сериите воопшто.

Седмата епизода од серијата насловена соодветно "The Wedding", ни ја прикажа свадбата меѓу Џејми и Клер, а подоцна и нивната прва брачна ноќ. Режирана и напишана од жени, оваа епизода беше една од најреалните во приказот на сексот која по долго време ни беше прикажана на малите екрани. Имавме можност да ги видиме двата прекрасни секапилни ликови како се комплетно исплашени и во неудобни позиции дури и пред самиот сексуален чин. Тие нервозно се смешкаат, а тензијата и недостигот од комфор може да се сече со нож.

Најпрво според описот во книгите Џејми е девица и навистина нема појма како да води љубов бидејќи тоа му е прв пат.  Да тоа е машкиот лик, но почетокот на нивната брачна ноќ е прикажан како добива храбост и самодоверба по наредбата од Клер тој да се соблече. Не таа, тој-  сопругот. Тој тоа го прави, а според изгледот на лицето, и самиот Џејми ужива во таа позиција. Сака да биде перцепиран како сексуално битие од жената која ја сака, не само како воин меѓу луѓето околу него. И тука е самиот трик. Самиот сексуален чин меѓу двајцата пак е без клише замките на кои навикнавме толку долго. Прво чинот трае во реално време, нема премногу кореографија бидејќи не е кој знае колку креативен, нема тон камери околу нив, нема премногу монтажа во пост-продукцијата, а и самиот климакс не доаѓа по 5-10 секунди. Второ, во еден период од самиот чин таа ќе му стави до знаење дека и е некомфорно од самиот интензитет, а тој дури ќе се извини.



Реалното прикажување на физичката и емоционалната интимност е толку ретка, особено во сериите што кога ќе ја видиме не потсетува всушност дека сексот не е 50 shades of grey. Да, ок и двата проекти (Outlader i  50 Shades) се базирани на книги да секако, но сега се адаптирани на различни медиуми. Филм и ТВ серија па затоа самите разлики во медиумите (и не) им дозволуваат слобода.

Outlander во 9-та епизода од сезоната содржеше и контроверзна сцена со spanking која искрено не беше примена како таква кај фановите на самите книги. Да беше сместено дејствието во 21-от век, таа ќе се сметаше за сексуална злоупотреба, но според нормите, законите и традиционалните обичаи на 18-от век тоа била соодветно прифатлива казна за жените кои биле „непослушни“ кон мажите. Да бидеме искрени, во тој период, па дури и во В. Британија жените немале апсолутно никакви права, а физичкото насилство врз нив било разновидно, а таа сцена само ја опиша таа разновидност. Тажно но вистинито.



Но, ако филмот како вид на медиум на кој се претставува сексуалноста на индивидуите (мажи или жени) забегува во фикција, на телевизијата и тоа како е држена во реалноста, а за тоа помагаат и сериите сместени во сегашноста (не само во 18-от век). Girls, хипстерската серија ни го прикажува сексот меѓу millennials генерацијата и што тој носи со себе. Ризик од сексуално преносливи болести од едната страна и емоционално дисконектирање со партнерот во хектичниот стресен живот на 21-от век од другата.

Masters Of Sex пак ја истражува сексуалноста и самиот чин во период од 20-от век кога не се зборувало јавно за него, а Transparent и Looking ја следат самата сексуалност кај индивидуите со поинаква сексуална ориентација, поточно кај LGBT заедницата.



Во заклучокот, на тв публиката и се потребни повеќе реални сцени поврзани со сексот. Toj може да биде реално претставен за публиката. Тој не е 9-1/2 Weeks. Повеќе е 40 Year Old Virgin.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...