Целоноќно бегство на таткото и синот


Наслов:
Run All Night

Режија:
Жаум Колет Сера

Сценарио:
Бред Игелсби

Улоги:
Лијам Нисон, Џоел Кинеман, Ед Харис, Винсент Д’Онофрио, Комон...

Времетраење: 114 мин.

Година на издавање:
2015-та




Прв пат се запознав со талентот на Џоел Кинеман во I Skuggan av Värmen. Драма од шведско-норвешка продукција и до ден денешен еден од најдобрите филмови во неговата кариера. Тој беше Ерик, полицаец кој несреќно ќе се вљуби во Ева, зависничката од дрога и ќе стори сè што може да и помогне да се оттргне од порокот. Можеби Snabba cash и серијата The Killing, му ги отворијa портите на Џоел во Холивуд, но I Skuggan av Värmen за сега останува перформансот на кариерата на Џоел Кинеман.



Џоел во Run All Night е Мајк Конлон, семеен човек. Екс боксер кој за да го издржува семејството работи како возач на лимузини во Њујорк. Тој изгубил контакт со својот татко Џими (Лијам Нисон), но како и татко му, така и неговото минато ќе го окупираат неговиот живот во период од 16 часа. Особено ако се знае дека Џими е екс платеник на ирскиот мафиозо Шон Мегваер (Ед Харис) кој од прекарот „The Gravedigger“ на врвот на кариерата, сега го живее животот на пропаднат алкохоличар деградиран во улогата на Дедо Мраз за време на Божиќните празници. Но, кога Џими ќе го убие Дени (Бојд Холбрук) непредвидливиот син на Шон во обид да си го спаси сопствениот син, Шон ќе стори сè што е во негова моќ за да ја одмазди смртта на Дени, а тоа значи да тргне по таткото и синот Конлон.



Run All Night е изненадувачки солиден „old school“ трилер во „духот“. Не е најдобриот на годината, но и покрај мааните, ќе ви пружи 114 минути возбуда, а возбудата во сценариото на Ингелсби е водена од една примарна тема - Одмаздата. По таа, како „лушпи од кромид“ (ако веќе претпочитате да го излупите филмот) ќе најдете теми како конекцијата меѓу татковците и синовите, пријателството, семејството. Дури на моменти и трагична сторија за синот на еден криминалец како се обидува да си го пронајде грозоморниот пат до темното подземје, додека пак синот на другиот криминалец се обидува да го држи подалеку од него.

И бидејќи филмот не се гордее со „измислување топла вода“ во овој жанр (визуелно или структурно), Ингелсби и режисерот Сера акцентот го ставиле на сржта. Развојот на ликовите, врските меѓу нив и перформансот на актерите. Шон и Џими за почеток. Од првите 5 минути па се до нивната финална сцена на шините ја гледате нивната прогесија. Од почит, до омраза и гнев па се до „поетска правда“. Тука е и врската меѓу Џими и синот Мајк. Можете да ја почуствувате разочараноста на Мајк кон татко си. Не само поради фактот што тој убивал лица, туку затоа што тој го запоставил семејството поради „професијата“. Дури го нарекува по име. За него е Џими, не тато.



Ед Харис и Лијам Нисон се „стари волци“ и нивниот перформанс е одличен. За да го забележите и цените најдобро нивниот талент, обрнете внимание на нивната заедничка сцена во ресторанот. Таа ќе ви каже многу за тоа што имаат Ед и Лијам да пружат во глумата, но Кинеман е тој што се издвојува во Run All Night. Суптилен и самоуверен во талентот, Џоел во улогата на Мајк е одличен и во акцијата и во интимните моменти со сопругата, колку и да се тие вторите кратки и спорадични. Но, обрнете внимание на експресите на лицето во сцените кога тој дознава нови информации. Има нешто наивно и искрено во нив. Како целиот свет за момент да му се срушил од разочарувањето дека злото околу него сега полека го стигнало и не успеал целосно да се заштити од него и покрај големиот напор.



Винсент Д’Онофрио како неуморниот детектив Хардинг кој се обидува со години да го стави Џими зад решетки е одличен, но недоволно искористен, а исто така и раперот Комон како Прајс. Еден од платените убијци на Шон кој ќе добие задача да ги елиминира таткото и синот Конлон. Режисерот Сера успеал да ни ја прикаже темната страна на Њујорк. Не само со ноќната атмосфера, дождот, туку и темната страна на Њујорк која се помалку ја гледаме. „The Projects“, апартманите каде што живеат сиромашните претежно афро-американци, а топло добредојде е и приказот на самиот град со движење на камерата измеѓу сцените со дијалог. Долги кадри без кратење кои ја носат камерата механички и брзо на повеќе локации. Налик на техниката од Дејвид Финчер кон крајот на 90-те.

Но, и покрај едноставноста во премисата и структурата, Run All Night е токму тоа што добивате. Трчање цела ноќ и бегање од смртта. Што не е така лошо за трилер со Лијам, Ед и Џоел во главните улоги.

С. Лазаревска

Runn All Night од 16-ти април ќе можете да го погледнете во Cinepplexx кино-салите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...