Кристофер Нолан е генијот на филмската уметност. Еден од најталентираните и креативните режисери на неговата генерација. Визуелен маверик и перфекционист кој со секој нареден филм продолжува да ги фасцинира не само фановите кои ја следат неговата кариера од почетокот, туку и генералната јавност која повторно и повторно доаѓа во кино-салите да ги гледа неговите филмови.
Минатата година Нолан ни го претстави Interstellar, СФ сагата со Метју Меконахи и Ен Хатавеј во главните улоги, но тој во досегашната кариера беше дел од The Dark Knight, трилогијата сними психолошки трилери, костимирани мистерии (Prestige), современи мистерии (Insomnia) и ремек дела како Memento.
Еден фан, успеа на својот Vimeo профил да создаде визуелен 15-минутен tribute клип со кој тој не само што оддаде почит и на самиот режисер Кристофер Нолан, туку и на самата негова кариера од 1998-ма година па се до 2014-та и Interstellar.
Погледнете.