Првиот трејлер за „Медена ноќ“ филмот на Иво Трајков

„Медена ноќ“ најновото дело на македонскиот режисер Иво Трајков овој петок ќе ја има честа да го отвори најновото издание на Скопскиот филмски фестивал.

Приказната во „Медена ноќ“ е инспирирана од новелата „Уво“ на Јан Прохаска, еден од најдобрите сценаристи во историјата на чешката кинематографија, а во неа...



„Скопје, рани 90-ти години од минатиот век, прослава на национален празник на новоформираната независна држава Република Македонија, а во исто време и десетгодишнина од бракот на Никола, заменик-министер, и неговата сопруга Ана.

Во текот на линеарното дејство кое се одвива во една ноќ во која кулминира брачната криза на главните протагонисти, низ флеш-бек секвенци од прославата, ја следиме втората наративна линија на оваа приказна каде што се отсликуваат професионалниот живот и искушенијата на Никола, инволвиран во еден политички скандал во неговото министерство во врска со приватизација на едно државно претпријатие.



Во текот на бурните расправии помеѓу Никола и Ана од причина што тој заборавил на нивната годишнина од бракот, на виделина излегуваат сите нивни проблеми, фрустрации и тајни. Тензијата на оваа брачна драма се интензивира и со стравот и паранојата на Никола кој е во потрага по својот извештај за приватизација на претпријатието поради што се уапсени министерот и неколку негови соработници.

Во оваа долга и исцрпувачка ноќ тие не се сами. Во нивниот дом се инсталирани направи за прислушување…“

Главните улоги во „Медена ноќ“ ги толкуваат Никола Ристановски и Верица Недевска, а филмот беше снимен во Македонско-Чешко-Словенска ко-продукција.

Погледнете го првиот трејлер за „Медена ноќ“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...