Семејството или гравовите од минатото: Пресудна е само една вечер!

Најголемата ѕвезда на акционите филмови и најдоброто комично дуо ни доаѓаат на платното во Cineplexx. Од студиото Ворнер Броз ни пристигнува акциониот трилер „Ноќна потера“, со оскаровски наградениот Лијам Нисон во главната улога. Покрај него се појавуваат и актерите Џоел Кинеман, Винсент Донофрио и номинираниот за Оскар, Ед Харис. Директорската палка му припадна на Жаум Колет Сера.

Припадникот на бруклинското подземје и успешен платен убиец Џими Колон (Лијам Нисон) запаѓа во неволја. Гревовите од минатото и упорниот полициски детектив одлучуваат да му се одмаздат. Единствената утеха на Џими се наоѓа во дното на небројните чаши виски. Но, кога неговиот син Мајк (Џоел Кинеман) ќе постане нивна мета, Џими кој е воедно и најдобар пријателот на шефот на мафијата мора да одлучи дали ќе застане на страна на мафијата или на своето семејство кое одамна го напуштил.



Кога милионерот и управител на хеџ-фондови Џејмс (Вил Фарел) ќе биде уапсен поради измама и е казнет на неколку годишна казна во затворот во Сан Квентин, судијата ќе му даде 30 дена да го доведе својот приватен живот и работата во ред. Очаен, тој ќе му се обрати на Дарнел (Кевин Харт) да го подготви за животот зад решетки. Но Дарнел, всушност е вреден работник кој во животот не добил ниту една казна, а камоли да издржувал затворска казна. Заедно ќе направат сѐ што е потребно за Џејмс да биде способен да издржи во затворот.

Идејата за филмот „Биди маж“ настанала кога продуцентите Вил Ферел и Адам Меккеј почнале да размислуваат како една просечна особа би постапила кога од удобен живот би се нашла во затвор на издржување долгогодишна казна. Ферел изјавува: „Тоа е една од ноќните мори на секој човек. Мислите како би морале да научите да се тепате или сексуално да се предадете. Веројатно би морале да постанете член на банда – сето ова ви е во глава бидејќи го гледате на телевизија и тогаш сфаќате – веднаш би ме убиле или би станал нечиј сексуален роб“.

„Приказната започна од изборот на актерите“, вели Меккеј. „Кога ги споивме Кевин и Вил едноставно почнавме да се смееме на самата идеја тие двајца да го припремаат Џејмс за затвор.“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...