Force Awakens: Chewie… We’re Home!

Вториот официјален тизер за Star Wars: The Force Awakens, долгочекуваната вселенска опера беше објавен на синоќешниоит Star Wars Celebration настан во Анахејм, Калифорнија, а во тизерот за прв пат фановите имаа можност да ги видат култните ликови од оригиналната трилогија, Хан Соло и Чубака.



На конвенцијата за славењето на Star Wars присуствуваа новите ѕвезди на Force Awakens како Оскар Ајсак, Дејзи Рајдли, Џон Бојега, а секако и режисерот Џеј Џеј Абрамс и продуцентката Кејтлин Кенеди. По Q&A настанот и презентацијата на новиот изглед на imperial stormtrropers војниците, на сцената се појавија и ѕвездите на оригиналната трилогија, Кери Фишер, Марк Хамил, Ентони Дениелс, Питер Мехјху, но не и повредниот Харисон Форд кој се’уште закрепнува од авионската несреќа.



Дејствието на The Force Awakens ќе биде сместено 30 години по Return Of The Jedai, а самото снимање ја однесе екипата во Абу Даби, Исланд и Пајнвуд студијата во Англија. Филмот моментално е во фаза на пост-продукција, и единствениот од сите до сега снимени кој нема да има премиера во мај, туку во декември.



Star Wars Celebration ќе трае до 19-ти април во Анахејм Калифорнија.

Star Wars: The Force Awakens ќе пристигне во кино-салите на 18-ти декември, а во меѓувреме погледнете го вториот официјален тизер трејлер кој беше објавен на Star Wars Celebration.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...