Добредојдовте во Недојдија!

Хју Џекман ви посакува добредојде во Недојдија преку првиот тизер трејлер за Пан. Актерот самиот го објави тизерот за долго очекуваниот филм на својот Instagram профил.



Pan е најновиот проект на Џекман и прва соработка со режисерот Џо Рајт во неговата кариера, а сега преку Pan, класичната бајка за Петар Пан двајцата ќе ја однесат на самите почетоци, поточно во детството на самиот Петар Пан.



Австралискиот актер во Pan ќе ја толкува главната улога на озогласениот пират и капетан Blackbeard, еден од главните непријатели на Петар Пан, а веќе беше забележан како ги тренира своите мечувалски и стрелачки способности. Фантазијата напишана од 28-годишниот Џејсон Фуш ќе ја раскажува приказната за детството на Петар Пан, пред да се запознае со Венди и дружината на дечиња кои како него не сакаат да пораснат.

Самиот Петар ќе биде портретиран од младиот актер Ливај Милер, додека пак ликот на капетанот Кука во младоста ќе биде глумен од Гарет Хедлунд. Во остатокот од екипата се и одличните Руни Мара, Аманда Сејфилд, Кети Бурк, но и манекенката Кара Делавињ, најпозната по модните ангажмани во Victoria’s secret. Кара во Pan ќе глуми сирена.

Премиерата на Pan се очекува на 17-ти јули следната година, а ова е првиот тизер.

Погледнете.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...